Кафе муабет
КОЈ ЈА ИЗРАДУВА КАРЛЕУША ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ- Пејачката ги збуни фановите, ова никој не го очекуваше!
Доби букети со црвени рози...
Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави фотографија која ги збуни нејзините следбеници.
Јелена позираше во светло син фустан во кој ги истакна облините, а околу неа имаше цвеќиња. ЈК за оваа прилика се фотографираше опкружена со црвени рози.
Пејачката не напиша кој и ги испратил раскошните букети, но следуваа низа од коментари за тоа кој и ги испратил овие цвеќиња на Карлеуша.
„Убава си“, „Среќен ден на вљубените“, „Јелена имаш милион рози, а јас немам…не е фер, прати ми барем една“, се само дел од коментарите.
Инаку, Јелена Карлеуша е позната по модните комбинации, а неодамна објави порака на Инстаграм и објасни како се чувствува.
“Стилот и модата ми доаѓаат природно, ништо не правам со сила. Не се прилагодувам на трендовите, ги користам на мој начин. И додека целиот свет се чуди како една необична жена од далечната Србија има такво добро чувство да предвиди што е следно во модната индустрија, ги задржувам моите идеи за да се вклопам во овој свет, инаку би била прогласена за луда. Модата е уметност. Врвната уметност е генијална. Генијалното не е прифатливо во морето на просечност. Се разбира , Сакам да позирам и да објавувам фотографии од мојот задник, но тоа само нагласува колку стил имам кога всушност сум облечена“, напиша неодамна ЈК.
Инаку она што изненади многумина е тоа што Карлеуша и Душко по семејниот скандал се уште не се огласија дали повторно се заедно. Фановите очекуваат парот да стави крај на несогласувањата па овие рози се само доказ дека можеби Душко и Јелена се смириле.
За потсетување иако на Душко Тошиќ му истече наводната забрана за приближување кон сопругата Јелена Карлеуша, тој се уште не ја видел и не се вратил во семејната куќа.
Душко прво доби забрана од 48 часа, а потоа Првото основно јавно обвинителство во Белград предложи забраната да биде продолжена за 30 дена.
Според „Курир“, судот го прифатил предлогот за истекување на забраната за пристап, а сега се чека извештајот на Центарот за социјална работа и изјавата на оштетената.
Имено, Карлеуша тогаш го пријавила Душко бидејќи фудбалерот наводно и удрил шлаканица и ја плукнал во лице.
Поради деловни обврски, Тошиќ веќе извесно време престојува во Истанбул, а земајќи ги предвид вестите кои пристигнуваат од турската престолнина, сиот труд се исплател.
Имено, Душко со трансфер на фудбалери ја збогати својата успешна менаџерска кариера.
Станува збор за унгарскиот фудбалер Кевин Варга, кој благодарение на посредништвото на Тошиќ настапуваше за турскиот Кашимпаша, а ова е доказ дека Тошиќ не е во семејниот дом не поради лошите односи со Карлеуша, туку поради деловните обврски.
Сопругот на Јелена Карлеуша се пофали со деловниот успех на Инстаграм, а судејќи по насмевката на лицето на младиот фудбалер, тој е подготвен за победи и задоволен од новиот договор, а за Јелена не ни размислува.
Одлуката на Душко Тошиќ е да го стави фокусот на работа во овие турбулентни времиња, а како ќе се развиваат работите по неговото враќање во Србија, останува да видиме.