Кафе муабет

Кој е Немања Гудељ, новиот зет на Цеца: Телото му е ишарано со тетоважи, платата му е 5.650.000 евра и е најуспешнот фудбалер во Србија!

Во врска се околу еден месец...

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, по долгогодишна врска со Ѓорѓе Куљиќ е во врска со успешниот српски фудбалер Немања Гудељ.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Немања Гудељ е еден од најуспешните српски фудбалери. Моментално настапува за шпанска Севиља, а е на списокот за српската репрезентација на Драган Стојковиќ Пикси.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Српскиот репрезентативец обожава тетовирање, а целото тело му е покриено со тетоважи. Последната тетоважа ја направи во Севиља каде моментално настапува за истоимениот клуб – три крста на грбот.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Една од првите тетоважи што ги направи во Холандија е портретот на неговиот татко, познатиот фудбалер Небојша Гудељ.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Како што еднаш изјави Немања, секоја тетоважа на неговото тело има посебно значење.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Дечкото на Анастасија е на врвот на листата на најплатени српски фудбалери. Неговата годишна плата во Севиља е 5.650.000 евра.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Да потсетиме, Анастасија и Немања се во врска еден месец. Младата пејачка веќе била со своето момче во Шпанија, додека фудбалерот на Севиља двапати дошол во Белград со својата девојка, но се уште не успеал да ја запознае својата идна баба Цеца Ражнатовиќ.

Гудељ не е мајстор за скандали и вљубеник во ноќниот живот, но претходно го поврзуваа со поп ѕвездата и колешка на Анастасија, а станува збор за Сања Вучиќ.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Сања Вучиќ вчера за српски Информер истакна дека таа никогаш не била со Немања Гудељ, иако медумите пишуваа дека тие двајца наводно биле во врска шест месеци а раскинале пред еден месец.

фото инстаграм/Немања Гудељ

– Знам зошто ми се јавувате и отворено ќе кажам дека нема потреба да бидам лута или разочарана бидејќи јас и Немања сме само пријатели. Многу се сакаме, го познавам целото негово семејство – изјави Сања Вучиќ, членката на „Ураган за Информер, која тврди дека Гудељ и таа се во добри односи, но сепак негира дека биле во врска.

фото инстаграм/Немања Гудељ

– Не раскинавме затоа што не бевме ни во врска, но во последно време не се слушавме бидејќи и двајцата имаме многу обврски. Но, останавме во добри односи, зошто да не – продолжи Сања, тврдејќи дека Гудељ и таа се само пријатели.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Сања исто така се осврнала и на нејзината колешка Анастасија и истакна дека би сакала да сними дует со неа:

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

– Зошто да не, никогаш не било спорно дека нешто можеме да снимиме. Важно е на двете да ни легне песната. Јас и Анастасија се познаваме, не пиеме кафе заедно, но се познаваме – искрено изјавила Сања за Информер додавајќи дека моментално е сама и дека тоа и одговара поради обврските:

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ

– Година и пол сум сама, се посветив на себеси и мислам дека тоа се гледа. Имам многу работа и сега вака ми одговара, се фокусирав на работата. Што се однесува до љубовта, јас сум млада, има време – заклучи членката на „Ураган“.

Фото Инстаграм/ Сања Вучковиќ
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
ФОТО: Анастасија Ражњатовиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close