Кафе муабет
КОПИЈА НА МАМА: Ова е постарата ќерка на Николина Пишек- има 25 години и заврши медицина на престижниот Британски универзитет!
Потсетува на мајка си...
Хрватската водителка Николина Пишек е мајка на две девојчиња.
Во улога на мајка за прв пат се оствари на многу млада возраст, на 21 година, кога беше во емотивна врска со истакнатиот новинар Марко Цигој, еден од првите писатели на загрепски Глобус и син на познатиот оперски пејач Крунослав Цигој.
Водителката Николина Пишек има две ќерки, а постарата Хана Леонарда веќе има 25 години.
Николина Пишек неодамна го загуби сопругот Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина на 44-годишна возраст и беше погребан на Новите гробишта во Белград.
Во бракот ја добија ќерката Софија Уна, а убавата водителка од претходната врска ја има и постарата ќерка Хана.
Хана има 25 години и неодоливо потсетува на мајка си, а Николина ја доби во долгогодишната врска со хрватскиот новинар Марко Цигој.
Сепак, љубовта кон медиумите не ја наследила ниту од мајка и ниту од татко и. Таа одлучила да студира медицина, и неодамна заврши на Универзитетот во Единбург.
Постарата ќерка на Николина Пишек не сака да се експонира во јавност, иако хрватските фотографи понекогаш ја следат кога доаѓа во Загреб да ја посети мајка си.
Новинарот Марко Цигој е познат по бурниот љубовен живот, а ретко се појавува во јавноста. Хана еднаш објави нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи.
Освен ќерката Хана, тој го има и синот Вит од врската со писателката Јосипа Павичиќ со која беше во љубов десет години.
Да потсетиме, Видое Ристовиќ почина на 8 мај 2022 година на 44 годишна возраст поради последици од инфаркт.
Водителката неодамна за прв пат јавно проговори за загубата на партнерот со кој планирала да го помине целиот свој живот.
– Најболно ми е што Уна го загуби својот татко, а јас личноста со која планирав да бидам цел живот. Се друго е апсолутно неважно – изјави водителката која на социјалните мрежи се прости од сопругот со емотивна порака која растажи многумина.
“Сакаме ваков да те паметиме. Насмеан, светол, во бои, под сонцето. Со сите нас. Само да имаше уште вакви моменти. Да не се брзавме за уште една обврска, за друга прилика, да чекавме нешто да се реши за сите да би можеле да бидеме толку среќни заедно. Некои средби никогаш не се случуваат. Но, јас сум толку богата – и сите ние заедно – богати за сите бесценети моменти со тебе кои би можеле да исполнат три животи. И ти благодарам за секој од нив.Прости ми и ти благодарам за секоја тага – и тие нас не изградија. Ти благодарам за твојата љубов. Ти благодарам за Уна. Ќе живееш во секој од нас додека дишеме. И ќе те гледаме во твојата Уна и твојата Матеа и знај дека сме со тебе додека тие растат . Ти си наш. Патувај и не грижи се…“, напиша Николина.