Кафе муабет
Конечно се огласи и мајката на Дарко Лазиќ по веста дека ќе стане баба по трет пат- Нема да верувате што кажа за идната снаа
Вели дека ја знае Катарина од порано..
Пред извесно време во медиумите како бомба одекна веста дека популарниот фолкер Дарко Лазиќ по трет пат ќе стане татко, а сега за тоа проговори и мајката на пејачот, Бранка Лазиќ.
Имено, Бранка Лазиќ откри дека нема повторно да стане баба, иако би сакала, но и дека Дарко и Катарина дефинитивно планираат да имаат бебе.
– Слушнав дека се пишува дека Катарина е бремена. Досега седев со неа и Дарко, тие беа кај мене. Навистина добро се согласувам со Катарина, таа е убава девојка. Секако дека ја паметам од порано, Дарко одамна беше во врска со неа, тогаш ја запознав.
-Планираат бебе, Дарко сака машко дете, па ќе видиме дали ќе му се оствари желбата. Секако, би сакала и повторно да станам баба и да имам уште едно внуче. Само нека е живо и здраво, не ми е важно од кој пол ќе биде – изјави Бранка Лазиќ.
Да потсетиме, Дарко не сакаше многу да ги коментира овие наводи, но истакна дека би сакал уште еден син.
– Би сакал да добијам уште едно машко дете додаде поранешниот победник на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Иако Бранка вели дека Катарина не е бремена, сепак извор близок до парот тврди дека деновиве Дарко Лазиќ и неговата избраничка ги прават сите потребни прегледи во приватна клиника за да се уверат дека плодот се развива како што треба, а радосната вест прво ја соопштиле на најблиските дома.
Имено, блиските пријатели на Дарко велат дека за бременоста дознале случајно, а дека фолкерот би сакал да добие уште еден син, а тоа го потврди и самиот тој.
– Дарко и Катарина при прегледот случајно дознале дека е во блажена состојба бидејќи една недела се жалела на мачнини после тренинг во теретана. Тие заминале на преглед како мерка на претпазливост кога на Катерина и се појавил нагон за повраќање. На крајот се испостави дека таа била во блажена состојба околу еден месец. Тогаш им беше јасно дека повеќе не може да тренира како порано, а на тренинзи оди и до пет пати неделно. Ката и Дарко ги тренира ист тренер, па сега таа одработува тренинг на кој ќе може да ја одржува линијата, но без форсирање – вели извор близок до пејачката.
Новинарите го контактирале Лазиќ, кој рекол дека наскоро ќе открие што се случува со бременоста, но дека засега не сака да кажува премногу бидејќи Катарина не сака да се експонира во јавноста.
– Ката не е тип на девојка која сака популарност. Таа не е од тој свет, се знаеме повеќе од 10 години и има свој бизнис. Не ја интересираат славата и написите во весниците – рече пејачот.
– Би сакал да добијам уште едно момче – додаде поранешниот победник на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Катарина и Дарко Лазиќ, наводно решиле и што побрзо да се венчаат а пејачот решил да сврти нов лист и повторно да се смири, а решил да основа семејство со својата избраничка, пишува Stars.
– Катарина и јас се знаеме 13 години, одамна бевме во врска и секогаш се почитувавме. Бевме во контакт, се гледавме, пиевме пијачка, па таа е секогаш во мојот живот. Всушност, никогаш не ја заборавив Ката, само раскинавме затоа што не беше вистинското време за нас. Во таа смисла, секогаш ги изневерував сите други со неа. Имаше своја врска и брак, па се разведе исто како мене и зошто да не бидеме заедно? Мислам дека е подобро мажот да почека да созрее. Мислам дека штотуку поминавме се и можеме да уживаме заедно до крајот на животот – рече Дарко и продолжи:
– Имам две деца од врските со поранешните сопруги и тоа е убаво. Децата се најубавото нешто и никогаш не би поништил се од минатото иако со жените не ми успеа. Мојот живот е тоа што е, сега имам 31 година и треба конечно да се смирам.
Лазиќ тврди дека дури сега чувствува искрена љубов кон жена и дека сите негови претходни врски се случиле во период кога не бил подготвен да се посвети на вистинскиот начин.
– За прв пат се чувствувам како навистина да сум заљубен. Порано само мислев дека сум, но всушност бев незрел и не го сфачав тоа на вистински начин. Ме боли уво како бившите ќе го толкуваат тоа што го кажав. Се најдобро за нив. Така е, така е и нема да се залажувам и да им се извинувам. Кога мажот чувствува вистинска љубов, не се оправдува пред никого. Ката е постара од мене, никој од нас нема време за грешки. Не ми е гајле дали моето семејство дома ја прифаќа Ката. Тие не живеат со неа, но јас, ќе бидам искрен, сите ја сакаат. Тие ја познаваат исто колку и јас и сите ни се ветер во грб – рече пејачот неодамна.