Кафе муабет
Конечно откриена причината за кавгата меѓу Милан Станковиќ и Саша Поповиќ- нема да верувате што се случило!
Милан плати оштета...
Музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се емитува од 2004 година, а до денес од таму излегоа голем број пејачи и пејачки кои направија успешни кариери, а еден од нив беше и Милан Станковиќ.
Тој стекна голема популарност поради својот препознатлив изглед а потоа неколку години подоцна многумина беа шокирани од веста дека пејачот го раскинува договорот со „Гранд“.
Имено, Милан Станковиќ пред неколку години ја раскина соработката со продукцијата „Гранд“ за која јавно зборуваше пред милионска публика, но ниту тој ниту Саша тогаш не ја кажаа точната причина за раскинувањето на договорот.
На Станковиќ му беше забрането гостување во емисиите на Гранд продукција на 17 месеци, по што реши да склучи примирје со Саша Поповиќ. Директорот на Гранд тогаш потврди дека соработката меѓу продукцијата и Милан е завршена, но откри дека младиот пејач сепак ќе има можност да се појавува во емисиите на Гранд.
По долги години молк, Поповиќ откри дека единствениот проблем го имал само со Милан Станковиќ кој, според него, не сакал да го испочитува договорот.
– Откако постои Гранд, од 2004 година создадовме нови имиња, нови ѕвезди и ја задржавме популарноста на Бекута, Шабан, Тозовац и на сите пејачи од таа генерација. Од кога почнавме со музичкото шоу па до денес излегоа многу имиња. Проблем имавме само со Милан Станковиќ, кој кога се врати од Евровизија рече дека нема да го почитува нашиот договор и да работи за Гранд. Тоа е единственото негативно искуство, мораше да плати некоја отштета и толку – изјави Саша во Премиера викенд Специјалното шоу.
Да потсетиме, Милан Станковиќ своевремено во емисијата „Гламур специјал“ на ТВ Хепи изјави дека Саша Поповиќ му забранил да ја пее „Инсомнија“ со Јелена Карлеуша.
Во текот на својата кариера, пејачот помина низ бројни трансформации кога е во прашање неговиот физички изглед.
Милан се здоби со популарност како слабо момче , а заштитен знак му беше негуваната руса коса.
Иако неколку пати експериментираше со различни фризури, до неодамна не ја допре бојата на косата.
Меѓутоа, покрај тоа што се исфарба, Милан почна и редовно да тренира во теретана, па сега изгледа сосема поинаку отколку што изгледаше на почетокот на кариерата.
Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, на фановите на Милан им се допаѓа ова негово издание и тоа како се промени.