Новости

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ТАЊА САВИЌ: Февруари е пресуден- пејачката открива што ја очекува овој месец!

Тања Савиќ се надева дека судот ќе донесе пресуда децата да останат кај неа

Веќе со месеци, Тања Савиќ која важи за една од најпопуларните пејачки на Балканот, води битка за своите деца и не е во добри односи со својот сопруг Душан Јованчевиќ кој илегално и ги одзеде синовите и ги однесе во Австралија без нејзино знаење.

Тања Савиќ не ги видела своите синови од март, кога започна пандемијата на коронавирусот.

Тања пред неколку дена за српскиот портал Република ексклузивно зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа во моментот кога станува збор за нејзината врска со нејзиниот сè уште легален сопруг Душан и конечно раскажа добра вест.

 

– Конечно добивме ден за судењето. Тоа е 19 февруари и ако веќе долго чекав, ќе чекам уште толку долго, така што тоа ми дава уште една надеж и нова димензија на среќа дека моите соништа ќе се остварат и дека правдата ќе победи, бидејќи јас живеам за правда. Јас сум праведен човек и не сакам никој, ниту јас, да страдам. Овие работи што ми беа направени, не би ги правела на никого. Верувам дека секоја мајка треба да биде покрај нејзините деца. Има место за децата. Не можам да кажам дека нема место покрај таткото, секако дека има, но никој нема право да ги одделува децата од мајката – беше искрена Савиќ.

 

 

Пејачката не ја крие возбудата и верува дека ситуацијата ќе излезе во нејзина корист во најкус можен рок.

– Сигурно дека ќе биде во моја корист, имам такво чувство. Австралиските власти ми ја пренесоа оваа убава вест за датумот, па затоа неизмерно гледам напред и едвај чекам, сè друго зависи од мене.

Тања откри во каква врска е моментално со Душан Јованчевиќ кој пред извесно време за медиумите истакна дека тие се смириле, а воедно и јавно објави наводна преписка со Тања на која таа му вели дека многу го сака.

 

– Не се слушам со Душан. Тој изрази желба повеќе да не се јавувам на неговиот телефон, што јас апсолутно го почитувам. Сега се јавувам само на телефонот на баба, но сум во непријатна ситуација. Ако баба ми не може да одговори, ќе ми биде одбиен разговорот со моето дете. Ова се разговори од по пет до десет минути. Морам да бидам трпелива, кога ги имам овие нерви, морам да издржам. Бог ми дава најголема сила и нему сум му благодарна за тоа. Го чувствувам присуството на Господ каде и да сум и знам дека тој ме чува и мене, како и моите деца. Тој е мојот најголем спас во сето ова. Често се молам на Бога и одам во црква, пред спиење секогаш се молам: „Боже, само врати ми ги синовите“ и кога ќе се разбудам само ќе кажам: „Боже, кога ќе се дојде денот кога ќе заспијат и ќе се разбудат покрај мене?“ ” – рече Тања.

Тања Савиќ тврди дека не се смирила со Душан

 

Откако во медиумите се појави веста за нивното помирување, Тања Савиќ се огласи на Инстаграм и ја негираше веста дека му простила се на Душан Јованчевиќ.

 

Фото: RAS SRBIJA

Таа ги негираше овие написи, додавајќи дека судот ќе донесе одлука за целата ситуација.Имено таа посочи и дека е разочарана од сите коментари кои ги видела на социјалните мрежи, но и од сите написи кои излегоа во медиумите и апелираше до нејзините фанови да не веруваат во сето тоа што е напишано.

 

„Не сум се смирила со сопругот, аман, луѓе! Како можам да се смирам со него?! Тој еден ден кажува едно, другиот ден друго. Тој има нарушување на личноста,  “, рече Тања во своето обраќање до фановите на Инстаграм.

Савиќ додаде дека судот ќе донесе одлука за сè.

 

-Јас самата ќе одлучам дали сакам да живеам со Душан или не, и дали сакам да го трпам тоа или не. Јас реков дека повеќе нема да трпам, но тоа е моја приватна работа. Луѓето се мешаат во се. Сепак јас имам две деца со тој човек и морам да го почитувам, поради нив. Гледам дека многу луѓе почнаа да коментираат лошо за мене, но јас сум разумна жена и знам дека не би требало да направам таков потег, да се смирам со Душан, со кој 8 месеци се борам за своите деца.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close