Новости

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ОНИЕ КОИ САКААТ ДА ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА: Се отвораат границите, влез со потврда за било која вакцина, за децата потребен е негативен PCR тест!

Грција се подготвува за летото...

На состанокот одржан во понеделникот на кој министерот за туризам на Грција, Харис Теокарис и Татјана Матиќ, министер за трговија и туризам одлучуваа за годинешната туристичка сезона во земјата, беше договорено со потврда дека сте вакцинирани со каква било вакцина да можете да влезете во Грција.

Можно е Грците да ги отворат границите во средината на април, пренесува Б92.

Се разговараше и под кои услови децата ќе можат да влезат во Грција!

По средбата меѓу Татјана Матиќ и министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис, беше објавено дека граѓаните на Србија ќе можат да одат во Грција кон средината на април, односно дека тогаш се очекува да се отворат границите.

Грчкиот министер на прес-конференција рече дека неговата земја ќе ги прифати сите вакцини, вклучувајќи ги кинеските и руските, иако се уште не се прифатени во ЕУ.
Кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на децата до 10 години не им треба вакцина или тест за ПЦР, а на оние постари од 10 години им е потребен негативен тест.


Исто така, граѓаните на Србија ќе можат да влезат во Грција земја преку Македонија и Бугарија.

Ќе се отворат границите и за Македонците?

Границите со Грција се затворени од лани на 16 март поради ковид пандемијата. Филипче кажа дека има честа комуникација со грчкиот министер со здравство, а утрово разговарал со министерот за туризам, пренесува Лидер.мк.

– Во врска со мерките, ме извести дека планираат двете граници да ги отворат на 14 мај за граѓаните од Македонија во Дојран и Евзони. Но, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Тоа го земав како обврска, да видиме какви ќе бидат нашите сертификати за вакцинација со потребните кодови и листата на овластени лаборатории кои може да даваат ПЦР тест, најави Филипче денеска пред поликлиниката „Јане Сандански“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close