Кафе муабет
Коментарите не престануваат: Новата сопруга на Мустафа Сандал не и е до колена на Емина Јаховиќ!
Коментарите не престануваат...
Се ожени со Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, а неговата избраничка Мелис Сутсуруп му се заколна на вечна љубов на романтична церемонија во Рим.
Турскиот пејач и поранешен сопруг на поп-ѕвездата Емина Јаховиќ пред неколку недели ја најави гала прославата и луксузната венчавка, а сега конечно се појавија слики неколку дена по венчавката.
View this post on Instagram
Многумина, сепак, не можат да го сокријат своeто воодушевување за атрактивната русокоса и нејзината неверојатна убавина.
Дека сè поминало во совршен ред покажува и фактот што интимната венчавка се одржала во турската амбасада во Рим, а гала прославата за семејството и пријателите ќе трае два дена во одморалиштето Мармарис од 10 до 12 јуни откри Мустафа.
Сместувањето и превозот за гала прославата на гостите им го обезбедил младоженецот. Парот на 10 јуни во ресторанот на хотелот ќе приреди „грчка вечер“, утредента во истата летна градина ќе прави свадба, а потоа со гостите ќе се симнат на плажата каде што ќе се одржи забавата. Свадбата ќе заврши со прекрасен ручек следното утро.
Убавата Мелиса воодушеви со елегантна венчаница, малку пократок и потесен крој, а многумина не можеа да одолеат да ја споредат сегашната сопруга на Мустафа со поранешната сопруга Емина Јаховиќ со која ги има синовите Јавуз и Јаман.
Иако Мустафа даде огромна сум ана пари за неговата и за венчавката на Емина, многумина сè уште шпекулираат дека венчавката со Мелиса била направена со стил и памет.
Иако, без разлика на се, се сеќаваме и колку Емина беше убава и среќна во моментот на венчавката со Мустафа.
Очигледно, Емина целата оваа животна фаза од животот ја остави далеку зад себе, па не тагува туку ужива во Париз.
Јаховиќ на социјалните мрежи објави цела серија фотографии и снимки од престижната палата Лувр, како и луксузниот хотел со пет ѕвездички во Париз.
Она што на многумина им падна во очи е дека пејачката постојано носи бело, а дали тоа е случајност или не е жестока дебата меѓу коментаторите.
Многумина беа воодушевени од фотографијата на Емина со продуцентот Љубомир Доронтиќ, а описот на фотографиите: „Париз повеќе не е твој“ зачуди многумина.
Останува да видиме за што се работи.