Кафе муабет

“Кога ќе заслужи ќе го спомнам”: Карлеуша прозборе за разводот со Душко- конечно кажа се за односот со поранешниот

Не поднеле документи за развод...

Јелена Карлеуша изнесе детали од приватниот живот – се наврати на разводот со фудбалерот Душко Тошиќ.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

На прашањето дали таа и поранешниот фудбалер поднеле документи за развод, пејачката одговори – не.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Не сме. Нека пишуваат што сакаат и кој што сака, исто како порано. Мене тоа ме погодува исто како кога комарец ќе касне слон. Никому ништо нема да објаснувам – изјави таа за новиот број на магазинот „Стори“.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

На прашањето дали сама себе си рекла дека претерува кога го објавила соопштението за разводот, таа одговорила:

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

– Не претерав. Треба да научите да бидете паметни. Немам повеќе години за губење. Или-или сето тоа е во мојот живот од сега па натаму. Немам повеќе толеранција. Таа беше изгубена во овие 44 години маки. Како и да е, нема повеќе да зборувам за Душко. Кога ќе заслужи нешто убаво ќе го споменам. Дотогаш прашајте ме за љубовта кон животните – вели Јелена која прозборе за Атина и Ника и објасни дека дошол период кој е тежок за секој родител:

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Наскоро полнат 13 и 14 години, а периодот никогаш не бил потежок за нив и за мене. Се борам најдобро што знам со две девојчиња во пубертет кои многу пристојно го поднесуваат притисокот на славата на нивната мајка. Ситуацијата дома е потешка и по стресна, славата е помал проблем. Се борам како лав да ги заштитам и зајакнам, рече Јелена за магазинот Стори.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Да потсетиме, пејачката пред околу два месеци објави дека по 14 години брак се разведува од сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ. По објавата таа замина на одмор во Турција заедно со своите миленички Атина и Ника.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период, напиша Карлеуша во својата објава на Инстаграм.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Сепак, како и да изгледа на Инстаграм, Јелена фактот дека бракот дошол до распад не го пребродила лесно.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Во пресрет на 5 јули, кога официјално призна дека бракот и овојпат не функционира, ЈК во раце држела писмо кое и дало неверојатна сила.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

-Мамо, ти си ми се во мојот живот, те сакам многу и не можам да живеам без тебе!, е пораката на тринаесетгодишната Атина упатена до нејзината сакана мајка.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Како што откри пејачката во соопштение за медиумите, таа го има старателството над децата, а целиот брачен имот им е пренесен на нивните две ќерки.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Како што пренесуваат медиумите, Ј.К. наводно сега се иселува од куќата во Лисиче Поток, која е помала од онаа на Дедиње, каде што планира да продолжи да живее со своите ќерки.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Бидејќи нивните ќерки моментално се малолетни, пејачката ќе располага со имотот додека не пораснат.
Бидејќи Ј.К. има старателство над децата, Душко ќе плаќа алиментација. Наводно, месечната алиментација ќе изнесува вкупно 5.000 евра, а дополнително ќе го финансира нивното дообразување, пишува „Нова“.

Фото Инстаграм/Атина Тошиќ

Сите договори се склучени без одложување, а Тошиќ, бидејќи е многу приврзан за ќерките, ќе може да ги гледа секогаш кога ќе има можност, со оглед на тоа што поголемиот дел од времето поради работата го поминува во Турција, пренесуваат медиумите.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

За разлика од бројните други познати парови кои за време и по разводот имаа само лоши зборови еден за друг, Јелена и Душко минуваат низ тежок период на многу цивилизиран, пристоен и коректен начин.

 фото инстаграм/Душко Тошиќ

Една од причините најверојатно се нивните ќерки кои со родителска грижа сакаат да ги заштитат од дополнителен стрес и изложување во јавноста.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close