Бебе

Кога го родив си реков БОЖЕ што е ова?! Мајка роди џиновско бебе, докторите во шок!

Нејзиниот син се роди скоро шест килограми и беше долг 61 сантиметри

Бебето беше толку големо што бабицата не можеше сама да го измери, па мораше да повика помош

27 годишната Ејми Смит од Британија пред извесно време стана хит на социјалните мрежи откако роди дете кое е многу поголемо од останатите новороденчиња.

“Кога ја замислував мојата прва средба со бебето, помислив дека ќе биде како и со моето прво дете. Јас ќе го земам тоа мало нежно суштество во моите раце и ќе се разнежнам. Сепак, кога го видов за прв пат, си реков: „Што е ова“! “.

Вака британката Ејми Смит која по породувањето беше на насловните страници на мнпогу британски весници. Таа роди бебе – џин, како што го нарекува самата.

Царски рез беше закажан за 25 март, а Ејми и нејзиниот сопруг Зак знаеја отприлика колку ќе биде големо бебето.

– На ултразвукот видовме дека е доста долг, и на крајот на краиштата, јас и Зак сме високи луѓе. Но, се изненадивме кога видовме колку е навистина голем нашиот син Зегрис – вели Ејми.

Зегрис е роден со нешто помалку од шест килограми, а беше долг 61 см.

Ејми вели дека лекарите биле изненадени и од големината на бебето, па две лица го извадиле од утробата на мајката.

– Сите бабици околу мене беа мали жени, и слушнав една како вели дека некој мора да помогне затоа што бебето е огромно. Не можеше ниту да го стави на вагата за да го измери, тој беше толку тежок и долг, па едвај се снајдоа – се сеќава Ејми.

Секако, облеката што ја подготвиле за него, а беше со големина на тримесечно бебе, не беше соодветна. Наместо тоа, тие мораа да му земат облека за бебиња на возраст од шест до девет месеци.

– Најсмешно ми е што целосно го изгубив апетитот за време на бременоста со него, едвај јадев. Замислете колкав би бил ако јадев како во првата бременост! вели Ејми низ смеа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close