Новости

КЕБА ПРВ ПАТ ЈАВНО ПРОЗБОРЕ ЗА БРАКОТ НА СЕВЕРИНА И ИГОР: Открива какви се односите меѓу партнерите!

Дали официјално ставаат крај на бракот?

Во медиумите веќе со месеци се пишува дека пукнала тиквата помеѓу Северина и нејзиниот сопруг, Игор Којиќ.

Постојано се пишуваше дека пејачката му се вратила на стариот живот, и речиси целото лето Северина Којиќ го помина во родниот Сплит и во друштво на своите стари пријатели.

 

 

Северина на социјалните мрежи постојано објавуваше заеднички фотографии со Игор Којиќ но веќе со месеци, нема ниту една заедничка фотографија што дополнително ги подгреа гласините за разводот на парот.

foto https://www.vecernji.hr/

Тие повеќе не се појавуваат заедно на јавни настапи како што тоа го правеа порано, а ниту Игор не се појавува на настапите на пејачката што до пред неколку месеци не беше пракса.

Летово на настап во Сплит, новинарите кои го следеа концертот на пејчката забележаа дека Северина повеќе не ја носи бурмата и тоа само ги потврди сознанијата дека брачниот пар Којиќ е на чекор до развод и дека Северина најверојатно веќе го започнала таквиот процес.

 

 

Но изгледа дека нивниот однос се уште е под знак прашање, бидејќи тие и двајцата се уште не се огласуваат во медиумите кога е нивната љубов во прашање, но затоа за прв пат јавно прозборе свекорот на Северина, таткото на Игор, познатиот пејач Кеба Којиќ.

фото Азра.ба

Во изјава за Ало.рс Кеба вели дека никогаш не се мешал во нивниот брак, и дека не знае ништо за нивниот однос.

Не знам каде се и какви се нивните односи. Тие се возрасни луѓе и претпоставувам дека знаат, и тие секогаш знаеја што да прават. Од друга страна, сè што прават, тие си прават на себе. Ако ме прашате, љубовта никогаш не треба да се објаснува, ниту може да се објасни. Никогаш не го користам зборот како оружје, ниту за одбрана ниту за напад, така ќе биде и овојпат. Само нека бидат живи и здрави и Господ нека им ја даде целата благодат и среќа во животот – рече Кеба.

foto kurir.rs

Соседите на Кеба ги потврдиле гласините дека пејачката подолго време не ја виделе во соседството, и дека Игор повеќе не е со неа.

Кеба исто така ги прокоментирал и разните гласини кои кружат во јавноста, не давајќи конкретен одговор за разводот.

foto-story

– Би сакал да им кажам на сите што се занимаваат со мојот живот и шират невистини, да го исчистат својот двор, бидејќи во мојот секогаш сè беше во ред. Јс би им рекол да се молат на Бога и да побараат прошка затоа што не знаат што прават и зборуваат. Не би судел никого, ниту можам, затоа што мојата мисија во животот е да им донесам радост на сите околу мене, изјавил Кеба за Ало.рс

Во јавноста излегоа многу приказни за нивната караница, а една од нив е дека пејачката била љубоморна. Наводно како што пред неколку месеци објавија српските таблоиди, причината за тоа што повеќе не се заедно, наводно била тоа што Северина го фатила Игор како тајно се допишува со некоја девојка и заради тоа го направила драма.

Откако не сакал да и даде објаснување за пораките, Северина повеќе не сакала воопшто да зборува со него. Наскоро решила да замине за Хрватска и од тогаш до денес трае и кризата во нивниот брак. Но како што пренесе српскиот „Cкандaл“, Игор само сакал преку свои пријатели и преку татко му да најде решение за проблемот на Северина со старателството, но не сакал да и дава лажна надеж, па затоа и не сакал да и каже дека го прави тоа.

Последната објава на пејачката, каде може да се забележи фотографија со Игор, е на 30 јули кога таа му го честита роденденот.

Северина и Игор правеа две свадби. Тие се венчаа во црквата Похоѓење Блажене Дјевице Марије светој Елизабети на Бале, далеку од  фоторепортерите и новинарите во септември, 2015 година.

Втората свадба парот ја правеше во Белград, кон крајот на ноември истата година. Во песната Кума, пејачката објави многу неоткриени моменти од свадбената церемонија.

Инаку Северина од првиот брак со бизнисменот Милан Поповиќ го има синот Александар. Таа во ноември минатата година ја изгуби битката против нејзиниот поранешен сопруг и му го предаде старателствотот над синот. Таа постојано на социјалните мрежи објавуваше фотографии со синот, во чиј опис постојано посочуваше колку тагува по него.

 

 

View this post on Instagram

[MY Heart will go ON] Ništa ne boli više od patnje za djetetom. Tako je priroda htjela. I dala nam je snagu. Da se borimo, izdržimo. I borit ću se. U toj agoniji ono što najžešće peče kao neprekidna žeravica u stomaku je nepravda, jer kao da ju nitko ne čuje i ne vidi. Vjerujte, ponekad i najjače srce teško izdrži nastaviti kucati. I svaki otkucaj ostavlja jedan ožiljak. I tako 10 mjeseci. Danas je dan kad srce zastaje. Punih je 10 mjeseci od 'privremene mjere' kojom mi je oduzeto dijete. Ta 'privremena mjera' je odredila da dijete kod mene prespava dva puta mjesečno. Da ga vidim 10 sati pod radnim tjednom i svaki drugi vikend koji počinje subotom u 10h. I tako 10 mjeseci. 'Privremeno'. Osjećaj kao kad vaš najglasniji vrisak kao da nitko ne čuje. Ili ne želi čuti. Ali sutra je novi dan… #myson #myfirst #mylast #myeverything #celinedion #myheartwillgoon #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina (@severina) on

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close