Новости
КАШЛИЦАТА НЕ Е ПРВ СИМПТОМ: Третиот бран на коронавирус се разликува од претходните- еве кога да се јавите на лекар!
Најчестите први симптоми на инфекција со коронавирус се различни во третиот бран
Светот се соочува со трет бран на коронавирус, а Десимирка Масал, која е раководител на здравствената служба за возрасни на Здравствениот дом во Врачар, истакна дека симптомите кај заболени од Ковид-19 сега, се разликуваат од оние претходните кои ги имаа пациентите заболени од коронавирусот од самиот почеток на пандемијата.
Десимирка Масал, за Танјуг истакна дека денес доминираат симптомите како: главоболка, болки во грбот, треска, а најчесто први симптоми на вирусот Ковид-19 се дијареја и повраќање.
“Кашлицата не е прв симптом сега и не е доминантна кај нашите пациенти. Кај потешки пациенти, кашлицата се јавува подоцна”, истакна таа.
Таа нагласува дека бројот на пациенти е зголемен сто проценти во споредба со периодот пред три недели и дека има многу повеќе први прегледи отколку контролни.
Масал посочува дека моментално доминираат помлади пациенти, и дека чекалниците се постојано преполни, пациентите чекаат долго за рентген, но и за лабораториски резултати.
Симптоми кои покажуваат дека сте прележале корона, а не сте знаеле!
Многумина и не знаат дека го прележале коронавирусот, па најверодостоен начин да дознаете дали сте прележале вирусо Ковид-19 секако е тест на антитела.
Научниците пред извесно време посочија дека одредена група на симптоми може да укажат на тоа дека сте се избориле со ковидот, а не сте биле свесни за тоа.
„Кај повеќето луѓе коронавирус нема да предизвика големи компикации, а симптомите на оваа болест лесно со мешаат со симптомите на грип или настинка“, вели д-р Амиш А. Адаља од Центарот „Џон Хопкинс“, пишува „Мери Клер“, додека како потенцијални знаци на прележан ковид ги издвојува следните:
Тешката настинка
Бидејќи настинката обично не предизвикува краток здив, сериозни главоболки и проблеми со варењето, можеби токму по ова се разликува од ковид-19.
Губење на сетилото за мирис и вкус
Овој симптом беше еден од првите кои се појави кај пациенти заболени од Ковид-19.
Она по што се разликува овој симптом во случај на зараза од коронавирус и грип е траењето на тоа нарушување. Кај заболените од ковид-19 тоа може да потрае и неколку месеци.
Опаѓање на косата
Опаѓањето на косата е уште еден симптом кој се поврзува со коронавирусот.
Губење здив
Овој симптом е најизразен кај пациентите заболени од коронавирус, а се јавува како резултат на воспаление на белите дробови кое го предизвикува ковидот.
Замор
Студиите покажале дека 53 отсто од заболените од ковид-19 и по два месеци од заразата чувстуваат голем замор и исцрпеност. Научниците истражуваат дека се работи за последица на индивидуалниот имунолошки одговоро или дека тоа е начин на кој коронавирусот функционира.
Долготрајна кашлица
Според студијата 43 проценти од луѓето со ковид-19 кашлале од 14. се до 21 дн после позитивниот резултат на тестирањето. Се работи главно за суво кашлање.
Со помош на оваа табела направете разлика на симптоми меѓу настинка, грип и ковид-19: