Кафе муабет
Ката за бебето има две дадилки- Марко потроши цело богатство за наследничката!
Парот не штеди за малата Катја...
Пејачката Катарина Грујиќ во понеделникот излезе од породилиштето од каде ја зема нејзиниот сопруг Марко Гобељиќ, а таму беше и нејзината сестра Бојана.
-Ова е прво дете за Ката и Марко и тие многу се возбудени, само го гледаат бебето. Во Катја се заљубија на прв поглед. Не штеделе пари да ја опремат нејзината соба, мебелот пристигнал директно од Италија, а Ката ангажирала две дадилки да и помогнат околу бебето. Многу и е важно да стекне доверба во некого и да дојде време за да може без размислување да ја остави ќерката и да оди на настап. Секако тука е и нејзината сестра Бојана која е поискусна со оглед на тоа дека има дете, па ќе и помогне колку што може.
– Сето ова е сосема ново и за Ката и за Гобељ, се уште се навикнуваат на тоа, но се пресреќни. Нејзиниот план е брзо да се врати на сцената и напролет да почне да снима песни, па летото ќе го помине работејќи доколку се биде во ред. Не е навикната да седи дома, многу си ја сака работата и не сака да прави долга пауза – изјавил за Свет извор близок на пејачката.
Инаку, среќниот татко почнал да плаче кога го донел бебето дома…
– Тоа се емоции кои не се опишуваат со зборови. Еве јас вчера се фатив како ја гледам, а таа е мирна, па ме гледа. О, Боже мој, не ми се верува, и почнувам да плачам одеднаш. Тоа чувство навистина не може да се опише – изјави Ката.
За потсетување, вчера пејачката се пофали со подарокот кој го доби од нејзиниот сопруг.
Гордиот татко, ја изненади со скапоцен подарок, а таа веднаш се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, се работи за нараквица на луксузен бренд која чини околу 7.000 евра.
Најдобар сопруг“, напиша Катарина во описот на фотографијата.
Инаку, Марко Гобељиќ проговори во јавноста по породувањето на неговата сопруга.
– За Катарина и мене ова е секако најважниот ден. Бебето и таа се добро, тоа ми е најважно. Јас сум најгордиот татко на светот. Утрото имаше болки, ја однесов во болница и ѝ рекоа да остане. Веднаш знаев дека тој ден ќе се породи. Отидовме во кафуле со сестрата на Катарина, а потоа отидов на тренинг, тренерот ме ослободи да не ја играм утакмицата.
-На почетокот ја криевме бременоста, сакавме да ја задржиме приватноста, само семејството знаеше за радосната вест. Катасакаше да работи и јас ја поддржав во тоа. Свршувачката беше пред бременоста – истакна тогаш Гобељиќ за „Блиц“.