Кафе муабет
Катарина Грујиќ сите ја знаете но погледнете како изгледаат нејзината сестра и мајка- овие убавици ќе ве остават без здив
Не е единствената убавица во семејството...
Неодамна Катарина Грујиќ и нејзиниот избраник Марко Гобелиќ го кажаа судбоноснотот ДА пред Бога и пред повеќе од 500 гости.
Ката, како што веќе пишувавме, блесна во венчаницата на албанскиот дизајнер, која според гласините чинела 20.000 евра. А младоженецот исто така беше беспрекорно облечен.
На свадбата секако присуствуваше и семејството на Катарина Грујиќ, а гостите можеа да се уверат дека Ката не е единствената убавица во семејството.
Имено, пејачката има постара сестра Бојана, која отсекогаш се криела од очите на јавноста, бидејќи, живее сосема обичен, семеен живот, со сопругот и синот Лав, чии фотографии Ката често ги објавува на Инстаграм.
Бојана е убава како Катарина, а на свадбата блесна во фустан од тантела.
Сепак, ниту мајката Билјана не заостана зад своите ќерки која за оваа свечена пригода избраа долг бордо фустан кој одлично и прилегаше.
Она што може да се забележи е дека сите три Грујиќ се многу слични и многу убави.
Да потсетиме, Катарина и Марко пред неколку дена направија гламурозна свадба на која присуствуваше цела српска естрада.
За свадбата пејачката и фудбалерот сериозно го отвориле ќесето па на гостите им била послужена најскапата храна и пијалоци, како и торта од 15 ката, а невестата носеше три венчаници од кои едната вредеше дури 20.000 евра.
Фудбалерот решил да не штеди на овој ден, па штом пристигнал пред храмот трубачите ги кител со по 50 евра. Гобељ ја држеше венчаницата на Ката, а до Храмот ги придружуваа седум телохранители.
Инаку, според стариот српски обичај, Марко претходно ја купил невестата за 5.000 евра. Држејќи се за младоженецот кој во раце ја носеше ќерката Катја, Ката блесна во венчаница од 20.000 евра, додека на вратот носеше дијамантско ланче.
Пејачката сакала да се испочитуваат традиционалните обичаи па се подготвувала за венчавката во куќата на нејзините родители во Душановац. Младоженецот со семејството дошол да ја земе невестата, а кога Марко ја извадил Катарина пред куќата, сите останале без зборови.
Инаку пејачката Катарина Грујиќ во неколку наврати зборуваше колку е среќна со Марко, а во една прилика и откри дека меѓу неа и сопругот има доза на љубомора, но се во доза на нормала.
– Мислам дека сме подеднакво љубоморни, но сето тоа е во нормални граници. Никогаш не правиме сцени. Но, мислам дека таа мала доза на љубомора треба да постои. Мислам дека е повеќе посесивно отколку љубоморно – изјави претходно за „Блиц“ Катарина Грујиќ.
Бидејќи поминуваат многу време заедно, пејачката признава дека Марко Гобељиќ ја разгалил.
– Многу сум навикната да сме заедно 24 часа и веројатно ќе ми биде тешко кога ќе почнеме да работиме и ќе бидеме малку поразделени. Ќе ми недостига се, искрено. Овој период од една година, колку и да ми недостигаат настапи, толку ми се допаѓа што постојано сум со него – изјави своевремено Ката.