Кафе муабет
Карта за подобра иднина: Тие нема да се образоваат како другите деца- Карлеуша откри каде ќе го продолжат школувањето Атина и Ника!
Сака да се образоваат во странство...
Има нешто што и е поважно на Јелена Карлеуша од кариерата а тоа е мајчинството.
Во неколку наврати поп-дивата истакна дека е многу посветена на своите ќерки Атина и Ника и дека за нив го сака само најдоброто.
Таа е целосно посветена на нивното воспитување и образование, а нема сомнеж дека децата се најголемото богатство и смисла на животот на музичката ѕвезда.
Јелена веќе ја испланирала нивната иднина, барем делот за школувањето. Неодамна на прашањето дали таа и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ разговараат за иднината на девојките, таа одговори:
-Едно е сигурно, нашите ќерки ќе се школуваат во Лондон или Америка.
Така, некои престижни универзитети во странство ќе се грижат за високото образование на Атина и Ника. Поп дивата еднаш опиша како изгледа нејзиниот ден со децата.
– Станувам во шест и пол сабајле, појадуваат, ги возам на училиште. Кога ќе се вратат, ручаме заедно. Со нив се трудам да ја работам домашната задача, да се потсетам што сум правела на училиште и во што сум добра- историја, биологија, англиски, српски. Гледаме филмови, одиме на убави места, патуваме… Тоа е мојата улога на мајка, рече Карлеуша.
Постарата ќерка на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ е многу популарна на социјалните мрежи, но се знае која е „мајката“.
Поп дивата Јелена Карлеуша во ќерка си Атина не гледа конкуренција, згора на тоа, ако еден ден ја надмине вели, тоа би ја направило многу горда.
-Тоа не може да ме плаши, може да ме направи само горда мајка – рече Јелена и откри еден неочекуван потег што неодамна го направила нејзината ќерка:
– Атина е мојот мал клон, но таа е многу срамежлива. Дури и ги избриша сите слики од Инстаграм, во таа фаза е. На прашањето дали би ја поддржала својата ќерка доколку сака да стане јавна личност на 15 години, Јелена Карлеуша спремно одговорила:
– Атина нема афинитет, ниту вроден талент за да биде пејачка. Не е некој што покажува склоност кон тоа. Но, таа е многу убава, згодна и висока. Зошто да не биде јавна личност во некоја друга форма – модел, ТВ лице… Но не сега, рано е. Мора да има најмалку 18 години за да прави што сака. Нема да кажам дека сум строга, но нема ни да попуштам.
Имено постарата наследничка на Карлеуша која сега има 12 години, привлекува големо внимание, а со секоја нова објава, оваа девојка предизвикува бура од коментари а воедно е заштитно лице на детски моден бренд.
Очигледно, Карлеуша е вистински пример за нејзините ќерки кои се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.
Карлеуша често истакнува колку е горда на своите ќерки Ника и Атина, бидејќи тие се образовани деца, добри ученици и добри луѓе.
Минатата година Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одбележаа 15 години врска, од кои 13 години брак.
Како што истакна поп-sвездата во интервју за Story тие повеќе не прават големи прослави по тој повод, а потоа на свој начин објасни што е тоа „рецепт за среќен брак“.
– Душко и јас сме заедно 15 години. Ние веќе престанавме да го славиме тој ден затоа што, по 15 години, некако станува нешто што не се слави. Како роденден, кога имате над 40 години. Мислам дека кога станува збор за Душко, дека тој најмногу ме сака без шминка, без никакви додатоци што ја валкаат маицата, кошулата, лицето, навлаката за перници … туку , кога сум јас, и тоа е најважно за една жена, дека мажот кој те сака, те сака таква каква што си навистина. Затоа што ова, ова не сум јас, ова е мојата работа. Во приватни и деловни активности, јас воопшто не сум иста личност – истакна Карлеуша.
-Никој не е совршен, нема совршен. Не сум совршена. Сите имаме недостатоци, а јас имам најмногу. Поентата е да прифатиш некого и да сакаш некого со сите тие маани. Ако го барате идеалот, тешко е да се најде. Ако премногу филозофирате, ќе останете сами. Треба само да пронајдете рамнотежа, така што добрите работи ќе бидат поизразени од лошите, и поработете на тоа со комуникација. Понекогаш недостатоците можат да бидат многу интересни. Моите се многу за*бани … – рече таа.
На прашањето да одвои еден од недостатоците кај неа кои се привлечни таа одговори:
– На пример, знам да бидам многу разгалена … Мажите генерално преферираат разгалени наместо оние кои самите го носат целиот товар. Знам да бидам принцеза, колку и да го нервира тоа Душко, но тој е исто така многу убав и смешен.
На прашањето за рецептот за среќен и долготраен брак, Јелена истакна дека никој не може да ги раздели оние кои се родени еден за друг.
– Кога луѓето се тука во добро и во лошо, кога сакате да го дадете својот живот за некого, тогаш тоа е вистинската работа. Оној за кого мечтаеш на Инстаграм, за него не сакаш да го дадеш животот. Можеби ќе му дадете нешто, но не сè. А сепак Душко е некој за кого би го дала животот – истакна Карлеуша.