Кафе муабет

Карлеуша прв пат откри се за бракот: Овие детали никој не ги знаеше- еве зошто не му дава развод на Душко

Не сака Атина и Ника да бидат деца на разведени родители...

Карлеуша минатата година го пријави Душко за семејно насилство на Божиќ, по што еднаш се сретнале на суд. По оваа криза во бракот пристигнаа низа шпекулации но само тие знаат што е вистина.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша по сите шпекулации изминатата година, конечно реши да признае пред јавноста што се случува со нејзиниот брак.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено таа изјави дека нема да се разведе од сопругот Душко Тошиќ иако нивниот брак не функционира.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Карлеуша минатата година го пријавила Душко за семејно насилство на Божиќ, по што еднаш се сретнале на суд.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Деталите не и се познати на јавноста.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Oдносот е специфичен, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат. Ова е тажната приказна на секој втор брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа за жал е голема вистина – рече Карлеуша.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

– Кога станува збор за таткото, тоа е фигура која мора да постои. Тоа е една од причините зошто мојот брак со Душко трае и опстојува. Не сакам моите деца да бидат деца на разведени родители – изјави Јелена Карлеуша.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Инаку поп дивата Јелена Карлеуша помина уште една новогодишна ноќ во работна атмосфера, настапувајќи во елитен белградски хотел.

Фото принтскрин/Инстаграм

Таа и овој пат покажа колку е посветена на своите ќерки со тоа што најлудата ноќ сакаше да ја помине со нив, па ги поведе со себе.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Тие заедно со својата мајка дојдоа во хотелот каде Јелена Карлеуша настапуваше а очигледно е дека тие се особено горди на својата мајка која ја следеа од нивните удобни позиции.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Како што самата пејачка им откри на новинарите, ќерките го позајмиле стајлингот на нивната мајка за „најлудата ноќ“.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

– Атина и Ника се тука, беа со мене и лани, сега веќе се во фустаните и чевлите на мајка им, тоа можам да ви го кажам, веќе се големи девојки, многу сум горда на тоа – изјави Јелена.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Ќерките на Јелена Карлеуша дочекот не го поминаа само со нивната мајка, која ја помина работно таа вечер, туку и со тетката на Јелена, Данијела.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Наследничките на мама навистина веќе се доволно пораснати за да ги носат нејзините комбинации, а сите се согласија дека избраните стилови совршено им одговараат.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close