Кафе муабет

Карлеуша отворено за бракот со Душко: Јас сум заслужна за нашиот опстанок!

Јелена проговори за односот со сопругот...

Бракот на српската пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ постојано е тема на дискусија. Имено и во новата 2022 година повторно е во центарот на случувањата.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Иако со својот новогодишен концерт ги подигна високите стандарди на шоу-бизнисот на овие простори, Јелена Карлеуша сепак најмногу ја интересира публиката како сопруга и мајка.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Токму во такво светло Јелена зборуваше во новогодишното интервју за „Ало!“ каде открила дека како мајка е многу посветена, а како сопруга дефинитивно е заслужна за опстанокот на бракот.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Се додека сум во брак, тоа трае само затоа што го задржав. Жената е столб на секое семејство. Сите жени на Балканот се борци од тој вид, ми се чини – изјави Јелена.

Јелена на овој начин стави крај на сите пишувања за тоа како нејзиниот брак е во криза, но откри и дека за неа врската со Душко е нешто свето и нема место за развод.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Себеси се опишува како воспитана, културна, духовита и лојална и нежна мајка. Таа е силна личност, способна да ги надмине сите неволји и да излезе на сцената како врвен професионалец.

Фото Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Во една прилика откри дека имала прекрасно детство, но разводот на родителите оставил трага кај неа која сепак успеала да ја насмине. За својата мајка вели дека е хероина и нејзина ѕвезда водилка…

Фото Инстаграм/Јелена Каршеуша

– Бев среќно дете, но не многу разбрана во училишната средина. Се разликував во секоја смисла, од однесување до физички изглед, бидејќи бев многу висока, па како дете создадов дел од својот свет. Цело време пеев, музиката и тогаш ми беше опсесија и ми беше кристално јасно со што ќе се занимавам. Тогаш реков дека е ужасно да си толку мал и да губиш време чекајќи да пораснеш и да станам тоа што сум денес. Мајка ми беше новинарка, татко ми многу успешен во полиција, но многу брзо се разведоа и дополнително ми го искомплицираа детството. Обележана со чудно презиме, пораснав со мајка ми, тетка ми и баба ми, кои ме научија да бидам алфа женка. Мајка ми беше и останува ѕвезда водилка и инспирација на целиот мој живот. Таа го одбележа на најубав можен начин. Доволно ми е да ги затворам очите и да можам и сега сосема јасно да разговарам со неа, рече Јелена.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Како што е веќе познато Јелена во хороскоп е Лав, па порад тоа вели дека тешко е да одвои која особина најмногу ја сака кај себе.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Барате од Лавот да ги наведе неговите најдобри квалитети ?! Во некоја космичка поделба добив многу добри карти кои се и мое проклетство. Но, ако требаше да изберам една особина, тоа е збир на фактори и нивна обработка. Накратко, нерафиниран, неполиран, природен, редок минерал – интелект.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Неодамна поп дивата за прв пат откри дека за време на страшниот медиумски линч низ кој поминала пред две години мислела на најлошото, а откри и како таа успеала да излезе од депресија.
Меѓутоа, она што дополнително ги заинтригирало нејзините придружници е фактот што открила како изгледал односот меѓу неа и нејзиниот сопруг Душко во тие најтешки денови за нејзиното семејство.

Фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

– Тогаш го преживеав пеколот на масовното јавно силување… и пеколот во куќата, поради тоа, што ми беше особено тешко. Во еден момент помислив на најлошото и му кажав на Душко (неговиот одговор нема да го напишам овде, но никогаш нема да го заборавам). И тогаш на самиот крај на мојот ужас, се случи нешто неверојатно. Ми се разбуди незадоволството и го вклучив системот за преживување – напиша Јелена на „Инстаграм“ и за прв пат на јавноста и откри каков бил животот во домот на семејството Карлеуша – Тошиќ во време кога медиумите брмчеа за пропаѓање на нивниот брак, кој две години подоцна е постојана шпекулација, но сепак преживеа и покрај се.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Избрав да ја послушам мојата мајка,да бидам силна и никој да не биде поважен од мене и вреден за моите солзи. Сега јас ви го велам тоа на вас, напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

-Главата горе, животот е убав, стани и бори се- посочи Карлеуша…

фото инстаграм/ Јелена Карлеуша

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close