Кафе муабет
Карактеристики што ги поседува само жена родена во знакот Јарец- едноставно СОВРШЕНА!
Жена Јарец – плени со својата класична убавина и цврсто стои на земја..
Каприциозна дама родена во знакот Јарец е многу интересна за посилниот пол.
Жената родена во овој хороскопск знак не можете да ја прочитате на почетокот. Често е многу внимателна и цврсто стои на земја. На крајот на краиштата, следните карактеристики најдобро го опишуваат тоа.
Жена родена во знакот Јарец е на мета на ѕвездите! Таа е многу амбициозна и нема да се согласи на ништо , освен ако не е совршено. Оваа жена многу добро знае што сака и што заслужува.
Иако е многу амбициозна, таа не си поставува цели кои не можат да се исполнат. Таа е одлична во донесувањето одлуки и точно знае каква одлука да донесе во даден момент.
Никогаш нема да ја фрли својата јадица освен ако не е сигурна дека има риби во водата.
Умот на дама родена во знакот Јарец е многу практичен. Таа не сонува за невозможни работи. Онаму каде што другите многу лесно паѓаат на сладок разговор, таа нема. Таа ја препознава разликата помеѓу реалноста и соништата. Ретки се оние кои успеваат да ја измамат.
Колку и да изгледа кревко, ќе се „искачи“ кон целта и ќе ја постигне, додека другите се уште на самиот почеток. Таа работи многу напорно за да ги постигне поставените цели. Во тоа и помагаат упорноста, самодовербата и трудољубивоста.
Жената родена во овој знак нема лесно да преземе одговорност, но кога ќе ја преземе, тогаш сака да успее. Штом ќе ви вети нешто, ќе го одржи ветувањето, без разлика на се.
Таа е толку трпелива! Нема да стане помалку мотивирана ако не е успешна уште на почетокот. Таа знае како да чека. Ако сакате да научите како да бидете толерантни, учете од жена родена во знакот Јарец.
Нејзиното срце е исполнето со великодушност. Таа е и многу лојална пријателка и стои зад своите пријатели и во добро и во зло. Оваа жена е одлична во давање совети, а нејзините пријатели знаат дека секогаш можат да сметаат на неа.
Жената Јарец е секогаш доминантна, полна со амбиција и научена на дисциплина. Таа е добро организирана и има трпение и одговорност. Секогаш знае што сака и знае како да дојде до посакуваното.
Со оваа жена секој ден неприкинато станувате се’ подобри и подобри… додека еден ден не сфатите дека од жаба сте станале принц кој ужива во почитта и авторитетот на сите околу себе. Таа го знаела ова уште додека сте биле жаба, но сепак, видела светло во вас и го знае крајниот резултат, па затоа и вложува во вашите односи. Се’она што бара од својот партнер е да покаже карактер и истрајност, а таа самата ќе ви даде пример за ова.
Не е во нејзина природа да се заљуби на прв поглед, ниту пак да губи време на бесмислен флерт за кој знае дека не води никаде. Љубовта за неа сериозна работа и ако некој ѝ се допаѓа, тогаш таа нема да чека судбината да го направи своето, туку секогаш е свесна за своите способности и ги презема работите во свои раце.
Мажите се плашат од неа!
Жената Јарец е типичен пример за тоа дека постојат жени кои секогаш прават се’ за оние за кои им е грижа. Кога би имало повеќе вакви жени вовоој свет, животот би бил многу поубав.
Имајќи предвид дека жената Јарец е многу силна, не е ни чудно што е успешна на сите полиња. Таа успева и во љубовта, но и во работата. Но, понекогаш тие изгледаат толку силни и бестрашни, што мажите имаат одредена доза на страв. Исто така оваа жена е силна и независна, но сака покрај себе да има некој на кој може да му верува. Но, после се’, самата себеси си е најдобар пријател.
Жената Јарец умее да чува тајни и секогаш ќе ве разбере, дури и ако другите кренат раце и побегнат од вашите проблеми. Таа ќе се стави во вашата ситуација и ќе се обиде да ви ја надомести сета љубов која ви е пропуштена. Но, мора да се нагласи и да не се заборави дека ВЕРНОСТА е број еден кај жените родени во овој хороскопски знак. Ако некому може да верува, тогаш таа личност сигурно ќе биде дел од нејзиниот живот. Уште поважно е што жената Јарец не размислува два пати, туку веднаш собира сила, го свртува грбот и заминува доколку сфати дека е изневерена. Подобро ќе биде сама, отколку со погрешни луѓе – тоа е нејзиното мото. На се’ е спремна кога ќе сфати дека некој ја сака, но и на се’ е спремна ако сфати дека некој си поигрува со неа.
Жената Јарец не само што може да го добие она што го сака, туку може да биде пример за сите. Особено сака да им се доакже на оние кои велат дека нешто за неа е невозможно! Па, мажи, вреди да имате ваква жена покрај себе, нели?!