Дом и семејство
Како пукна тиквата меѓу Анастасија и Гудељ? Мајката на фудбалерот им ја уништи љубовта- нема да верувате што и порача на младата Ражнатовиќ
Мајката секогаш знае се...
Откако ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ раскина со младиот бизнисмен Ѓорѓе Кулиќ, започна љубовна врска со фудбалерот Немања Гудељ па јавноста постојано го следи секој нивни чекор.
Врската на Анастасија и Немања е многу хармонична, цврста и базирана на вистинска љубов.
Заљубената двојка, меѓу другото, има и меѓусебна почит и поддршка, за што говори податокот дека пејачката од првиот ден беше покрај фудбалерот на Мундијалот во Катар.
Немања не можеше да излезе на терен без претходно да погледне во трибините и да не ја види својата сакана, а таа даде се за да му испрати позитивни вибрации и поддршка а тоа го покажа со тоа што најгласно навиваше.
За време на натпреварите Немања и Таша се виделе неколку пати, а таа, како што прават вистинските сопруги на фудбалерите, избегнувала да се кара и да се расправа, иако, како што знаеме, имала причина да го стори тоа. Таа направи се за Гудељ да биде смирен и да се фокусира на резултатот на теренот.
Анастасија ги игнорираше отровните кои доаѓаа од мајката и сестрата на Гудељ во текот на целиот шампионат.
Имено, според српскиот Курир, Оливера и Вања Гудељ не сакале да седат на трибините покрај Анастасија, наводно дури и барале да бидат на седиштата што биле што подалеку од неа. Немања на почетокот наоѓаше изговори за однесувањето на мајка си и сестра си, а потоа, очигледно, застана на страната на пејачката и со неа отпатува назад во Севиља.
На социјалните мрежи се појави фотографија од среќната двојка од авионот на која се гледа како спијат прегрнати и патуваат во Шпанија каде ќе ја продолжат својата романса.
Сепак, се уште останува отворено прашањето до кога семејството на славниот фудбалер ќе заговара и ќе се обидува да ја наруши нивната врска, кога повеќе од јасно е на чија страна е неговото срце.
Неодамна мајката на Немања, Оливера напиша порака на својот Инстаграм профил а многумина кои се свесни дека таа повеќе не го поддржува изборот на синот коментираа дека кога ја објавила пораката мислела на Анастасија.
– Мајка секогаш знае сè. И кој ти е пријател, кој ти мисли добро, а кој мисли зло. Таа некако го чувствува тоа. Грижете се за вашата мајка – гласи објавата на Оливера Гудељ.
Судејќи по фотографиите, раздорот меѓу семејството Гудељ и Анастасија не го нарушува односот на Немања со неа, но како што рекол изворот, пејачката сакала нејзиното момче да ја реши ситуацијата, на што тој и рекол дека не може да влијае на најблиските.
Од друга страна, на својата мајка и сестра Вања, кои исто така и го свртеа грбот на Ражнатовиќ, им порача дека не го интересира нивното непријателство кон неговата девојка со која планира да биде и понатаму.
Се шпекулираше дека работите меѓу Оливера и Вања од една и Анастасија од друга се влошиле, откако мајката и сестрата на Гудељ ја отпратиле неговата девојка од Инстаграм.
Изворите тврдат дека до кавгата дошло затоа што Оливера премногу сакала да се меша во животот на нејзиниот син, а нејзината ќерка ја поддржувала во тоа, додека другиот син Драги останал неутрален. Тој не сака да се меша во овој конфликт, сепак ја следи Анастасија на Инстаграм и одржува контакт со неа.
– Анастасија не дозволуваше никој да им се меша во плановите, што ги изнервира Оливера и Вања бидејќи тие беа оние кои одлучуваа каде семејството Гудељ ќе го поминува слободното време – изјавил извор за медиумите.