Кафе муабет
Како можел да ја изневерува Николина Пишек со оваа жена: Ова е љубовницата на покојниот сопруг на водителката (ФОТО)
Починал во нејзиниот кревет...
Данијела Бојиќ (41), за која тамошните медиуми тврдат дека му била љубовница на Видоје Ристовиќ, во чиј кревет почина, отсекогаш сакала моќни мажи.
Имено, Даниела се најде среде скандал пред десет години, кога медиумите пишуваа дека е љубовница на познат политичар од Војводина.
Според Republika.rs, љубовницата на Видое Ристовиќ била во врска со Ненад Чанко, а за тој скандал се пишувало пред 10 години:
-Ненад Чанак, кој со двајца пријатели го претепа Павле Лешановиќ, не го направил тоа, како што самиот тврдел, за да ја заштити својата 20-годишна внука туку поради Данијела Бојиќ која е менаџер за продажба- рекол тогаш изворот.
Долго време не слушнавме ништо за Данијела, а потоа таа стигна до медиумите како љубовница на Видоје Ристовиќ, која беше сведок на неговата смрт:
– Кога вечерта била испрашувана масерката Д.Б., таа во полиција рекла дека Видоје дошол во нејзиниот стан во Ѕвездара, каде живее како потстанар. Тој ден и било роденден и како што биле договорени го прославиле заедно. И двајцата биле среќни и немале поим дека ќе се случи таква трагедија. Како што Д.Б продолжила во изјавата, Ристовиќ изгледал како и обично, не се пожалил на ништо, ниту пак забележал дека нешто го боли или мачи. По вечерата, Видоје испил една пијачка, вотка или виски, не можела точно да прецизира бидејќи била шокирана од се што се случило, а потоа признала дека имале интимна врска.
Понатаму се наведува дека масерката повикала брза помош, кога забележала дека не дише:
-Како што изјавила и таа, по врската разговарале уште малку, а потоа и двајцата заспале. Д.Б. тврдела дека во еден момент се свртела кон Видоје и забележала дека не дише и дека веднаш повикала брза помош. Меѓутоа, кога екипата пристигнала во станот веќе било доцна за реанимација, па констатирале само смрт. Според неа, Д.Б. потоа за се го известила таткото на Ристовиќ, Виктор Ристовиќ, попознат како Миша Гроф, кој набрзо дошол да ги преземе неговите лични работи. За таа средба таа рече дека и било многу тешко, и дека се уште не може да се вразуми од шокот што го преживеала откако Видоје починал во нејзиниот кревет.
– Се чувствувам ужасно, едвај зборувам. Сè уште нема обдукција, јас знам колку и вие за причината за смртта. Тешко ми е, пристигнав во Белград, но моментално не сум во куќата каде што живеев претходно. Ви благодарам на разбирањето, не би коментирала повеќе“, изјави Николина за српска Република.