Кафе муабет

КАКО ДА СЕ СЕСТРИ: Вереницата на Дарко Лазиќ ја покажа мајка си- оваа жена eдноставно не старее!

Марина е горда на својата мајка...

Атрактивната црнка, со природна насмевка Марина Гагиќ веќе три години ужива во својата љубов со пејачот Дарко Лазиќ, со кого го има синот Алексеј.

Иако Марина стана позната на пошироката јавност поради врската со Дарко, таа ретко зборува за нејзиниот приватен живот.

Сепак вереницата на Дарко Лазиќ,  сè повеќе го привлекува вниманието и на медиумите и на обожавателите на Дарко.

Таа редовно ја користи социјалната мрежа Инстаграм , а сега реши да објави фотографија и од нејзината мајка и дефинитивно предизвика вистинска бура.

Александра Сандра Гагиќ, е прекрасна црнка, па многумина и не веруваа дека всушност таа е мајка на Марина, поради младоликиот изглед.

Ако Марина не напишаше „Мама“ во описот на оваа фотографија, многумина ќе помислеа дека таа е нејзината сестра, бидејќи оваа жена изгледа многу помладо.

Судејќи според оваа фотографија, јасно е дека Марина е копија на мајка си!

Многумина забележаа дека Сандра изгледа како да е само неколку години постара од Марина, додека други коментираат дека тие две се вистински доказ дека „јаболкото не паѓа подалеку од стеблото“.

Фотографијата што направи вистински хаос на „Инстаграм“ всушност е доказ дека генетиката е чудо. Марина е иста како мајка и, а во нејзините гени не е само убавината, туку и младешкиот изглед, кој ќе биде нејзиниот најголем дар на природата во следните години.

Дарко со неа ја пронајде вистинската среќа!

Лазиќ изминатиот период имаше бројни проблеми, а најтешкиот удар во неговиот живот се случи кога неговиот татко Милан по ина ненадејно. Сепак, сега Дарко Лазиќ конечно успеа да се израдува.

Тој заедно со неговата свршеница Марина Гагиќ, ја пронајдоа вистинската среќа во љубовта. Освен што таа му го даде неговиот син Алексеј, кој е извор на нивната неизмерна радост, таа му беше најголема поддршка кога неговиот татко Милан по ина поради компликации по опepацијата за намалување на желудникот.

Марина е мојата најголема поддршка, рече тој во моменти на најголема болка, а сега и покажа благодарност на својата свршеница со емотивни зборови кои и ги упати на денот на третата годишнина од нивната љубов.

Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ неодамна прославија три години љубов, а пејачот не ја крие радоста што таа е дел од неговиот живот.

– Благодарам многу, драги мои, не очекував ништо помалку од вас. Што се однесува до мојата Марина, јас ја обожавам, таа е мојот гулаб. Мислам дека секој знае колку се сакаме и колку се грижам за неа. Денес славиме три години и сакам да ја љубам и во нардните години, барем уште 300 години “, рече тој за “Detoxic”.

Тој во една прилика откри дека сака Марина да му роди пет деца.

– Алексеј ни донесе нова радост. Обожувам кога сме заедно. Меѓутоа, морам да признам дека не сум многу ажурен кога треба да се менува пелена, прособлекува или храни. За сите тие работи е задолжена Марина. Се договоривме таа да се грижи за него додека е мал, а јас улогата ќе се преземам нешто подоцна, кога ќе порасне истакна Дарко во едно интервју.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close