Новости

Како да се лечите доколку имате благи симптоми на коронавирус- Водич за пациенти со Ковид-19!

Ситуацијата со коронавирусот станува алармантна

Уште од самиот почеток на пандемијата со вирусот Ковид-19 за кој се тврди дека се појави на почетокот на оваа година, се зборува за можниот лек и начинот на лекување, но се уште не се знае точно како треба да се третираат лицата заболени од овој вирус.

 

foto inz.ba/

 

До сега хоспитализирани беа само оние заболени лица кои ќе развијат потешки симптоми на вирусот, а останатите со полесна слика „ остануваат дома и им се препорачува пиење многу течности и лесна диета“.

 

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

 

Од самиот почеток на пандемијата докторите апелираа оние кои ќе почувствуваат било какви симптоми да се јават телефонски кај матичниот доктор, по што се препорачува само одмор и лекување  како што е случај со “обичните” вируси.

 

 

Според Светската здравствена организација (СЗО), дури 80% од случаите на заболените со коронавирус кои се лабораториски потврдени се со благи или умерени симптоми, 14% со тешки и 6% критични.

 

Познато е дека најчестиот симптом кој се јавува кај пациентите заболени од Ковид-19 е треската. Доколку го имате само овој симптом пробајте да ја намалите температурата со вообичаени лекови како што е парацетамол.

Доколку почувствувате болки во грлото: третирајте ги со топли пијалоци.

Еден од основните симптоми на Ковид-19 е кашлицата. Доколку не е сериозно, испробајте ги вообичаените сирупи кои ги пиете кога сте настинати.

Бидете внимателни доколку се влоши состојбата, а кашлицата стане поагресивна, бидејќи првите симптоми на коронавирусот се појавуваат во периодот од 2 до 14 денови по инфекцијата, важно е цело време да се следи телото ако се појави кашлица или останување без здив.

Токму овие два симптоми се знак дека САРС-КоВ-2 се шири на белите дробови каде продолжува да ги инфицира клетките, кои потоа yми раат и отпаѓаат, што му отежнува на телото да ги одржува белите дробови чисти.

Губење на мирис или вкус обично се враќа околу десет дена по појавата на првите симптоми, но има и такви каде што проблемот трае неколку месеци.

Еве во кој случај треба да побарате медицинска помош?

Тешкотиите со дишењето можат да укажат на проблем со белите дробови, затоа е потребно да се консултирате со матичен лекар кој ќе одлучи дали пациентот треба да биде прегледан, па дури и хоспитализиран.

После пет дена, хроничните пациенти може да имаат потешкотии при дишењето, а потребни се седум дена пред да завршат во болницата. Поблаги случаи обично поминуваат за ова време.

Средно тешките и тешките пациенти ќе добијат пневмонија, која може да варира од не-животно загрозувачки до опасни по живот. Овие пациенти можат да оздрават во рок од неколку дена, но на некои им треба и неколку недели.

Доколку високата температура не се симнува неколку дена во тој случај  јавите се на лекар.

Во кои случаи едно лице треба да биде во изолација и колку долго?

Од добивање на позитивниот тест, асимптоматските пациенти мораат да останат во изолација десет дена.

Според послените истражувања, дури 50% од утврдените позитивни случаи на корона се асимптоматски.

Во изолација треба да одат и оние блиски контакти на луѓе а тоа се тие кои биле во контакт со пациентот два или три дена пред тој да ги развие првите симптоми на Ковид-19.

foto eZadar.hr

Епидемиолозите се јавуваат на пациентите кои треба да останат во самоизолација 14 дена бидејќи се покажа дека кај некои луѓе инкубацијата на болеста траела повеќе од 10 дена.

Тоа е причината што изолацијата на контактите засега не е скратена.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close