Кафе муабет
Како да се близначки: Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ која со години ја крие од јавноста!
Таа е десна рака на пејачката...
Популарната српска пејачка Драгана Мирковиќ е една од оние естрадни личности која не сака да споделува детали од интимниот живот со јавноста.
За нејзиното семејство многу малку се знае, и тоа само кога таа ќе ги спомене во некој разговор.
Освен што Драгана некогаш ги споменува своите деца, за останатите членови од семејството уште поретко зборува.Малкумина знаат дека Драгана има сестра која и е една од најдобрите пријателки во животот.
Дури ни обожавателите не знаат дека една од најголемите фолк ѕвезди на овие простори Драгана Мирковиќ не е единица. Покрај сопругот Тони Бијелиќ и децата Марко и Мануела, најголема поддршка во животот и е сестрата Душица Крумов.
Како што пишуваа медиумите, Душица и Драгана се многу блиски, а сестрата на пејачката и е од голема помош во работата, односно таа и е десна рака на телевизијата и сета важна работа ја работи кога Драгана не е во можност.
Иако Душица вообичаено не се експонира во јавноста, во една прилика зборуваше за нивниот семеен живот и откри детали од нивното детство.
Како што тогаш кажа, Драгана била одлична ученичка, дека ја добила Вуковата диплома и дека секогаш се истакнувала во студиите и имала неверојатен талент.
Пејачката во една прилика ја покажа сестра си кога преку Инстаграм и го честиташе роденденот.
– Драга моја среќен ти роденден и ти благодарам за сите години поддршка и љубов – напиша тогаш Драгана со нивната заедничка фотографија.
Забележливо е дека Душица и Драгана многу си личат, но бидејќи пејачката својата интима не ја споделува со јавноста, членовите на нејзиното семејство многу ретко можеме да ги видиме во јавност.