Кафе муабет

“Како да му го простам ова што ми го направи”: Рада Манојловиќ во солзи поради Милан- пејачката не го очекуваше ова од него, љубовната врска повторно во криза

Нма среќа во љубовта...

На големо се пишуваше дека Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ повторно се заедно и наводно пејачот бил причината за раскинувањето на долгогодишната врска на Рада и Харис.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Но јавноста беше изненадена од потегот на Милан, односно од тоа што тој не ја поддржа Рада која и беше најпотребно.

фото инстаграм/Милан Станковиќ

Пејачката минуваше низ агонија кога на Инстаграм се појавија фотографии од опседнат фан, кој воедно соопшти дека бил интимен со пејачката и дека псоедува видео снимка а оној кој ќе плати најмногу за неа може и да ја добие истата.

фото инстаграм/Милан Станковиќ

Според магазинот „Стар“, една од причините поради која врската на Милан и Рада не успеала и овој пат е токму тоа што пејачот не и бил поддршка во тој момент.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

-Рада е среќна што споменатиот фан сега се смирил бидејќи штом го пријавила во полиција престанал да се заканува дека ќе објавува лаги за неа, но таа нема да застане тука и ќе го гони на суд. Но, овој случај ја натера Рада да се разочара од многу луѓе, бидејќи малкумина ја поддржаа. Не дека тоа го бараше, ниту очекуваше некој јавно да застане зад неа, но ја заболе тоа што не доби поддршка. Најмногу е разочарана од нејзиното поранешно момче Милан, бидејќи тој никогаш не застанал позади Рада ниту јавно, ниту приватно. Не ѝ пратил ниту порака, а камоли да крене телефон – изјавил извор близок на пејачката за магазинот „Стар“ и додал дека поради ваквата ситуација решила да избрише многу луѓе, а истото го направила и со Милан. Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ затоа повторно се во лоша фаза.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Не крие дека Милан ја разочара и рече дека е готово со него засекогаш, дури му го избриша и телефонскиот број. За разлика од него, Харис беше еден од првите што и пиша и ја тешеше дека сите знаат што е вистината и дека не треба да се потресува. Ја охрабрил да не се откажува, туку да го гони опседнатиот фан до крај на суд. За неа неговите зборови значеа многу, а истото можеше да го направи и Милан. Рада во се го поддржуваше Милан, дури и кога се скара со „Гранд“ и Саша Поповиќ, што можеше да ја чини нејзината кариера. Затоа и е жал што бил неблагодарен и што не почувствувал дека и е потребен, а го избриша засекогаш – заклучил изворот.

фото инстаграм/Милан Станковиќ

Во медиумите се пишуваа различни нешта поврзани со раскинувањето на Рада и Харис, а наводно главната причина е тоа што Рада е девет години постара од него. Таа никогаш не дошла во неговата куќа, семејството избегнувало контакт со неа.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

– Иако со години беа во врска, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Манојловиќ како потенцијална снаа. Тие веруваа дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат во хармонична заедница. Исто така, не им се допаднало тоа што пејачката е девет години постара од нивниот син, како и нејзиниот животен пат. Сакаат сосема поинаков профил на снаа- рекол неименуваниот извор.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

Рада на секој начин се трудеше да го освои срцето на семејството, но за жал, не успеа. По пандемијата на коронавирус, работите станаа уште покомплицирани. Тој е многу приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, па најголемиот дел од времето го помина во Босна.

фото инстаграм/Харис Берковиќ

– Секогаш кога доаѓаше во Босна, спиеше во хотели. Таа никогаш не дошла во неговата куќа, семејството избегнувало контакт со неа. Харис повеќе не можеше да го поднесе притисокот и го промени своето однесување кон девојката. Иако се трудела на секој начин да ја спаси врската, на крајот раскинале – заклучува изворот.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Кружеа и гласини дека Рада се смирила со нејзиното поранешо момче, Милан Станковиќ но ниту еден од нив не се огласи по ваквите тврдења.

фото инстаграм/Рада Манојловиќ

Рада знае се низ што минал Милан во детството и токму поради таа причина не го обвинува што не е подготвен за семејство и брак и што се пронашол во црквата. Таткото на Милан бил убиен во затвор, а неговата мајка повторно се омажила и тоа за човек кој не му дал љубов или топлина, што оставило болни траги за целиот негов живот.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

– Очувот на Милан не се интересираше за никој во куќата, не сакаше да работи. Подоцна му се слошило и бил врзан за кревет четири години. Не можеше да работи а лекот чинеше половина од мојата плата. Не се грижеше дали децата имаат што да јадат. Морав да работам, да пеглам и да чистам куќи. Милан страдаше затоа што немаше татко покрај себе, а очувот го малтретираше и тепаше – изјавила еднаш мајката на Милан, пренесува „Свет“.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

-Милан никогаш јавно не кажа дали поради ова се колеба да создаде семејство, но своето мирно засолниште го најде во црквата и молитвите. Поминува многу време во манастирот каде целосно се придржува до подвижничкиот начин на живот, а Рада го разбира и го поддржува иако знае дека тие двајца би имале хармоничен брак затоа што пред се се пријатели и се разбираат многу добро, додаде неодамна извор близок до пејачката.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close