Новости
Каква мајка такви ќерки: Агнеса ги покажа своите наследнички- двете се копија на мама!
Многумина велат дека го наследиле стилот и убавината од мама Агнеса...
Агнеса Органџиева важи за една од најубавите и најдобро стилизираните дами кај нас.
Таа е многу активна на социјалните мрежи и постојано објавува фотографии од кои буквално ќе ви застане здивот. Секогаш средена од глава до пети, таа е вистински пример за комплетна жена.
Неодамна на својот Фејсбук профил објави фотографија од своите ќерки Вивиен и Тифани и предизвика лавина од коментари.
Многумина велат дека го наследиле стилот и убавината од мама Агнеса.
Агнеса ги прошета своите наследнички во еден познат скопски локал и се пофали дека тие се нејзино најголемо богатство.
Неодамна во интервју за мама.Гламур.мк таа истакна дека е среќна и исполнета мајка и дека без своите две ќерки не би можела да си го замисли животот.
-Јас како мајка сум доста сериозна и одговорна. Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот. Можам и слободно да се наречам кралица на игрите. Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа.
-Поминуваме верувајте секој ден во смеа, премногу сум позитивна мајка, поставена сум другарски кон нив и секогаш се спуштам на нивно ниво, така и јас се чуствувам како да сум вратена назад во времето. Практикуваме да пешачиме со кучињата, одиме во некое кафуле.
На прашањето дали ги исполнува постојано детските желби, таа одговори:
Среќата на децата не се постигнува со постојано исполнување на нивните желби, моите деца си имаат свој свет, свои правила и се трудам да им биде магичен. Секогаш заедно се договараме и заедно работиме на остварување на некоја желба… тие се толку скромни деца што се радуваат на мала ситница и сум горда на тоа што знаат на мала работа да бидат среќни, нивната насмевка ми е најважна и нивниот поглед кога знам дека сум ги направила среќни.
За разводот од сега веќе поранешниот сопруг Роберт Орданоски кого јавноста го познава како некогашен директор на АЕК, Агнеса истакна дека тоа воопшто не влијаело врз нивните деца, тие и понатаму несебично ја добиваат љубовта и грижата од родителите…
-Моите деца од моја страна, како и од страна на нивниот татко се насочени да ги согледуваат убавите страни од животот, и од двете страни им е пружена несебична љубов и поддршка , така да во однос на пишувањата во медиумите околу нашата разделба, тие во никој случај не влијаеа негативно кон нив.