Холивуд
И покрај нејзиниот совршен изглед, сите гледаат во нозете на Џениефер Лопез – дали оваа комбинација се смета за модна утка?
Ова никој не го очекуваше од неа!
Џенифер Лопез ги разочара фановите!
По завршувањето на медениот месец во Италија, на кој го прославија своето второ венчавање, Џенифер Лопез и Бен Афлек ја поминаа неделата уживајќи на фестивалот „ Malibu Chili Cook-Off“ во Малибу.
Пејачката и глумица во оваа прилика беше облечена во летен, лежерен, бел долг фустан од брендот Forte Forte, кој бренд очигледно и е омилен на латино дивата , бидејќи го има истиот фустан во црвена боја.
Фустанот е лежерен , има длабок V израз и широки ракави, како и гол грб, а е направен од полу прозирен материјал и се продава по цена од 599,40 евра.
На пејачката косата и беше во лежерна пунџа и носеше персонализирана торба од модната куќа Dior, на која стојат иницијалите „JLO“.
И додека фустанот наиде на позитивни критики од обожавателите, изборот на обувките беше тој што обожавателите ги изненади и подели.
Прекрасниот летен фустан , пејачката го искомбинирала со лежерни црвено бели папучи, со платформа, кои се резултат на соработка помеѓу модните куќи на Adidas и Gucci. Може да се најдат во неколку различни бои и се продаваат по цена од 620 USD.
Иако на пејачката во однос на модни комбинации често не и се случуваат грешки, а нејзиниот стил често се користи како инспирација за она што допрва доаѓа на модната сцена, овој пат голем број од обожавателите се согласиле дека се работи за големо промашување.
Додека некои го поддржаа нејзиниот удобен избор, многу од нив заклучиле дека изборот на обувките го уништиле изгледот на преубавиот фустан и целокупната модна комбинација која многу подобро би изгледала со некои други обувки.
Џенифер Лопез изминатава година беше во центарот на вниманието откако се раздели од вереникот Диего Родригаз, па ја обнови врската со познатиот актер Бен Афлек и се ожени со него.
Таа во неколку наврати изјави дека конечно е среќна и заљубена.
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм
ФОТО: Џенифер Лопез / Инстаграм