Кафе муабет
И го прости неверството со поранешниот сопруг и застана на нејзина страна: Кија остро одговори на лошите коментари упатени кон Луна Џогани!
Вечните ривалки се смирија?...
По подолга медиумска пауза, Луна Џогани гостуваше во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“. По тој повод таа со гледачите сподели дека била жртва на насилство на Интернет.
Денеска се огласи и победничката на првата „Задруга“, Кија Коцкар, која се огради од обожавателите кои пишуваат се што е лошо за децата, а многумина тоа го поврзуваа со ќерката на Луна Џогани и Марко Миљковиќ.
– Секако дека сум против омраза и разберете едно – не ги сметам за мои обожаватели луѓето кои можат да напишат нешто грдо за дете, тоа ми е несфатливо! И не водам евиденција бидејќи не можам да ги прочитам сите коментари. Пријавете ги профилите за вознемирување во полиција. Многу ми е жал што вашиот лажен профил навредил друг лажен профил, но VTK е тука за извештаи. Поздрав! рече Кија.
Да потсетиме, Луна пред камера призна дека и претходно лошите коментари за неа силно и влијаеле, но дека мајчинството ја променило.
– Не сакав да бидам како сите други. Имам многу што да кажам. Преживеав и „сајбер“ насилство по реалното шоу. Тешко е да се проголта, да се правиш дека не те допира. Посебно кога ќе станеш свесен за себе и дека тоа што ти го пишуваат не е така. Секогаш порано ме погодуваше, потсвесно, тие лоши коментари секогаш ми влијаеа. Откако станав мајка, тотално се променив, сите мои ставови се различни – рекла Луна и додала:
– Денеска никој не може да ме повреди и да ме навреди со некои глупави закани и коментари. Тие луѓе што ме мразат ги гледам како фанови. Можат да ми пишат дека можам да ум-рам, да ме нема, сите тие ужаси, опседнати се со мене… Тоа за мене е болест и не можам да им дадам значење на тие луѓе. Жал ми е за тие луѓе, нека ми го посакаат најлошото, јас ќе го сторам спротивното да мислам на нив и да им посакам само убави работи – објаснила Луна.
За потсетување, Кристина Кија Коцкар, поранешната сопруга на фолкерот Слоба Радановиќ, за прв пат по три години проговори за раскинувањето на нејзиниот поранешен и Луна со која тој ја изневеруваше во првата сезона на реалното шоу „Задруга“.
Тие две важат за вечни ривали, иако Џогани сега ужива во бракот со Марко Миљковиќ, со кој ја има и ќерката Мија.
Кристина вели дека не сака повторно да зборува на тие теми, ниту да одговара на провокации. Таа откри и дека и простила на Луна што сопругот ја изневерил со неа и дека го загубила бракот, но дека на нејзината мајка Анабела никогаш нема.
– Таа ја започна приказната, а испадна дека сум јас. Веројатно јас како повредена немам право да кажам што имам, а сите други имаат, ама добро. На Луна и простив сè, но не заборавив, додека на мајка и не и простувам ниту заборавам бидејќи знаеше што прави. Луна беше млада, имаше право на живот. Сакав самата да ја завршам таа приказна – изјавила Кија за Свет.
-Најмногу беше виновно третото лице, односно мојот поранешен сопруг, но тоа семејство цело време трчашенаоколу и кога видоа дека се зезнале, глупаво беше да го нападнат, па ме нападнаа мене. Човекот со години ми кажуваше бајки, а на неа со месеци. Иако, за мене беше шокантно сознанието зошто ја оставил – рече Кија за Свет и ги заинтересира сите.
Иако јавноста не ја знаеше правата вистина, Коцкар реши да зборува за се што знае.
– Ова е прв пат да го откријам ова. Тоа лично ми го кажа неговиот соработник. Кога ја напушти „Задруга“ за да снима песни, сакаше еден менаџер да му ја води кариерата. Тие разговараа но човекот рече дека ќе го направи тоа, но под услов повеќе да не биде со Луна. Во тој момент сликата за неа во надворешниот свет била многу лоша, а негативните работи би му наштетиле на работата и би биле лоши за неговиот имиџ. Тој веднаш се согласи да ја остави. За многу работи молчам, за ова повеќе нема да молчам. И Луна заслужува да го знае ова – изјавила Кристина.
-Тогаш не стануваше збор за никаква љубов кон мене, како што се шпекулираше, туку само за негова лична корист. Кога го слушнав тоа, бев во шок. Кај него се се врти околу материјалното, а не кон нас две. Дознав за тоа дури по три или четири години. Дури и јас во тој момент помислив дека ме сака и се покајав. Истото го мислеше и Луна. Многу е грдо тоа што мажот веднаш се согласи да ја остави за кариера. Песната „Сањам“, која Анџелина ми ја напиша, гласи „Ме продаваш, откриваш, колку чини славата“. Сега се е јасно – рекла пејачката и открила дека морала да го каже ова бидејќи е „време сите да ја знаат вистината“.