Кафе муабет
И во шестата деценија од животот тој е еден од најголемите фраери- Мили сподели фотографија од плажа и го запали “Инстаграм”- покажа зошто жените лудуваат по него
Се грижи за своето тело...
Александар Милиќ- Мили не крие дека обожава да поминува време во Турција. Тој најде слободно време и заедно со неговото семејство замина да ги наполни батериите во елитната туристичка дестинација Гоџек, која всушност е и едно од омилените места за летување на познатиот композитор.
Музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, каде тој е дел од жирито започна неодамна, но тоа не му пречеше на Мили да земе неколку слободни денови и да се релаксира со своите најблиски.
Тој во Гоџек поседува прекрасна вила, јахта, па дури и стан, кој е уште една од многуте причини зошто сака да го посетува ова место повеќе пати годишно.
Јасно е дека каде и да се појави Александар Милиќ- Мили предизвикува воздишки кај понежниот пол, поради своето извајано тело.
Иако е во шестата деценија од животот Мили со гордост го носи епитетот фраер а тоа го докажа и со новите фотографии кои ги сподели на својот Инстаграм профил.
Изгледот на Александар Милиќ- Мили и овој пат дојде до израз и тој доби низа позитивни коментари особено од припадничките на понежниот пол.
Мили доби многу комплименти за неговата градба и конституција на што напорно работи.
Тој не е некој кој претерано ужива во храната, напротив, исклучително внимава како се храни, додека речиси никогаш не излегува од теретана, па и покрај тоа што навлезе во шестата деценија од животот, резултатот е многу видлив и фасцинантен.
Да потсетиме, композиторот Александар Милиќ- Мили, неодамна се најде во центар на скандалот поради наводните пораки испратени до водителката Јована Јеремиќ.
– Еве, ме насмеавте. Мојот профил на таа мрежа не изгледа така. И профилот и преписката се лажни. Со Јована немам никаков контакт, ниту сум го имал некогаш. Во Турција сум и уживам, правам песни за новиот Милиграм каде ќе пеат најголемите ѕвезди – изјави тогаш Мили.
Инаку тој со години е во складен брак со убавата Нина, со која има две деца.
Иако ретко се појавуваат заедно во јавноста, тој во неколку наврати на својот Инстаграм објави фотографии од неговата згодна сопруга.
Според многумина жената која го освои срцето на Мили пред 15 години, изгледа како светски познатите манекенки, а нивната љубов е силна како првиот ден.
“Мислам дека сум многу добар и грижлив сопруг. Претпоставувам дека не се лажам, треба да ја прашате Нина. Шега на страна, многу пати се обидов да организирам изненадување за некои важни датуми во нашиот заеднички живот за да се сеќаваме на нив до крајот на животот, а, од друга страна, многу и заборавив. Тоа е како онаа крава која дава млеко а потоа ќе ја шутне кофата. Мојата романтична страна најдобро се гледа во моите песни“, изјави во една прилика композиторот.
„Од моментот кога ја видов, знаев дека еден ден ќе ми биде жена. Следниот ден се враќаше во Италија да студира. Веднаш им реков на пријателите: „Денот кога Нина ќе слета, треба да знам“ потоа, таа се врати за Нова Година и ја славевме заедно Новата 2004 година. Јас и кажав дека ќе одиме на вечера утредента, а потоа отидовме во кафуле каде што сакав да одам. Ја прашав дали има момче, ми рече дека има. И реков: „Види, планот е овој: утре сабајле ќе му се јавиш и ќе му кажеш дека нема ништо од вас двајца, дека не е тоа – тоа. Ќе разговараме околу пладне, доаѓам по тебе и јас и ти веќе не се разделуваме, рече Мили.