Новости

Италија воведува задолжително вакцинирање: Оние кои ќе одбијат да се вакцинираат, ќе бидат суспендирани од работа!

Италија беше најпогодена земја во Европа од Ковид-19...

Започна масовната вакцинација во сите земји во Европа, а сега Италија која беше најпогодена од вирусот Ковид-19, донесе одлука за задолжително вакцинирање.

foto eZadar.hr

Имено сите здравствени работници во Италија ќе мора да се вакцинираат против вирусот корона, соопшти пред два дена италијанската влада, пренесува Ројтерс, проценувајќи дека ова е потенцијално контроверзен потег насочен кон заштита на загрозени пациенти и сузбивање на антивакцинското расположение во земјата.

Указот одобрен од кабинетот на премиерот Марио Драги вели дека здравствените работници, вклучително и фармацевтите, се „обврзани да вакцинираат“, а оние што одбиваат би можеле да бидат суспендирани од работа без финансиски надомест до крајот на годината.

– Целта на мерката е да се заштити медицинскиот персонал но и сите оние кои не се медицнски лица, што е можно повеќе, како и оние кои работат во средина каде што можат да се заразат – се вели во соопштението на владата.

фото профимедиа

Регулативата исто така воведува правна заштита за луѓето кои вакцинираат, мерка што ја бараа лекарите и медицинските сестри по случајот во кој некои лекари беа ставени под истрага за убиство по смртта на вакциниран човек во Сицилија.

Критичарите на владата ја доведуваат во прашање законитоста да се принудуваат на задолжителна вакцинација само одредени категории на население.

foto ilustracija

Досега во Италија се дадени околу 10 милиони дози на вакцини, а обете дози ги примиле околу 3,1 милиони луѓе постари од 60 години.

Извор: Srbijadanas.rs

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close