Кафе муабет
Искешираа 750.000 евра за своето љубовно гнездо: Еве во каков луксуз ќе живее Анастасија со своето момче!
Нивното ново љубовно гнездо се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан...
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Ѓорѓе Кулиќ се преселија во луксузен апартман во новоизградениот станбен комплекс во срцето на Белград а деновиве ќе ги направат последните подготовки.
Анастасија беше фатена од Папараците во Дорќол, каде извесно време остана во фризерски салон. Додека другите ја средуваа пејачката пиеше пијалок и пишуваше пораки на нејзиниот мобилен телефон.
Таа излезе од салонот во сосема поинакво издание, а не остана во Дорќол, туку се качи во автомобилот и се упати кај својот шминкер од каде продолжи во семејната вила во Љутиче Богдана, по што се упати на градски настан.
Следниот ден Анастасија отиде во посета на нејзиниот нов дуплекс, каде што ќе започне заеднички живот со Кулиќ, кој моментално живее во Америка. Нивното ново љубовно гнездо се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.
– Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и направиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат – изјави неодамна извор за медиумите.
За потсетување, Анастасија и Ѓорѓе се вселија во стан кој го купија на Дорчула. Пред тоа две години живееа во Нови Сад, каде бизнисменот има куќа, а Анастасија често доаѓа кај мајка и во Белград. Поради нејзината пејачка кариера решиле да продолжат да живеат во главниот град.
Ѓорѓе не сака јавно да се експонира, а младата Анастасија ја почитува неговата одлука, па малку се знае кој е зетот на Цеца, за неговото семејство, каде пораснал, во какви услови живе.
-Кулиќ се од Нови Сад, тие се среќно семејство кое со години има приватен бизнис“ вели извор блзок до семејството на Кулиќ.
-Се што поседуваат го стекнаа благодарение на голем труд и семеен бизнис кој се пренесуваше од колено на колено. По цела Војводина имаа млинови. Некои ги продадоа, некои ги задржаа, тврди соговорникот и вели дека не се збогатил преку ноќ.
-Интересно е што заврши средно елитно училиште во Швајцарија која беше организирана на интернет каде што учеа и деца на принцеви и разни аристократи. Една училишна година чинеше околу 60 000 евра. Тоа јавноста не го знае, туку само знае дека студираше во Њујорк каде што има свој приватен бизнис, вели изворот и додаде дека зетот на Цеца започнал и приватен бизнис.