Кафе муабет

Ирена Спасовска позираше предновогодишно, со овој црн фустан нема да ве остави РАМНОДУШНИ

Предновогодишно пејачката со фотосесија...

Секогаш интересна за јавноста, знае како да привлече вниманието на публиката. Освен со богата музичка кариера, пејачката Ирена Спасовска може да се пофали и со одличен и бескрекорен изглед.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

 

Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

 

Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објава.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

За себе секогаш говори дека е жена борец, храбра жена која сама се бори со предизвиците кои и ги носи животот.

„Секое утро, пијам свеж лимон со пола литар топла вода“, вели Ирена за својот ритуал.

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

„Ме прашуваат дали сум вљубена… Секако дека сум вљубена, љубовта е двигател на сите нешта, така што да, љубовта е присутна околу мене во сите облици“,вели пејачката во интервју за Женски магазин

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Неодамна на своите социјални мрежи Ирена објави предновогодишна фотографија на која се гледа како таа позира со новогодишен украс во рацете, облечена во провокативен црн фустан.

Фото:Фејсбук/Ирена Спасовска

Закопчана до грло, но со откриени нозе пејачката и со ова издание никого не остави рамнодушен.

Под фотографијата таа напиша:

,,Празници се ближат’’

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Се чини дека пејачката целосно го ужива предновогодишниот период и магијата која со себе ја носи Новата Година и празниците кои доаѓаат!

фото Фејсбук/Ирена Спасовска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close