Кафе муабет
Интимен разговор со Џесика Палашоска: „Нашите иселеници најмногу ги сакаат песните за Македонија!“
Амбициозна млада дама која не може да го замисли животот без љубов...
Македонската фолк-пејачка Џесика Палашоска важи за една од најзгодните пејачки на македонската јавна сцена.
Се опишува себеси како амбициозна млада дама која не би можела да го замисли животот без љубов.
Русокосата која цела Австралија ја крева на нозе, важи за една од најубавите Македонки а многумина ја споредуваа и со Ким Кардашијан , но како што вели не сака споредби бидејќи таа е една и единствена.
Во моментот работи и волонтира во Здружението на психолози за деца и возрасни “РИЛУКА” а во интервју за Гламур.мк открива што е следно што може да очекуваме од неа и кој и е најголема поддршка.
Важите за една од најубавите жени кај нас, ви годат ли комплименти?
-Ви благодарам на комплиментот. Секако дека ми годат и воедно мислам дека не постои личност на која не би и годеле убавите и искрени комплименти.
Кој е најубавиот подарок кој сте го добиле?
– Мајка ми пред неколку години ми подари бело маче за роденден и тоа е сеуште најубавиот подарок за мене.
Што ве прави среќна?
-Ситници. Среќна сум кога луѓето што ги сакам се околу мене и знам дека се здрави и живи. Среќна сум кога поминувам време со моите најблиски.
Утрински ритуали?
-Имам правило 20/10/20. 20 минути утрински вежби, 10 минути правам план на денот и 20 минути читање за да потоа следува моментот на моето утринско кафе кое сакам да го испијам на раат. Се случува и да сум во брзање па така сите овие ритуали да не се случат , но тоа е многу ретко.
Како ја негувате вашата кожа, имате ли посебен третман за летните денови?
Искрено имам многу сензитивна кожа така што моите третмани се секогаш препишани од дерматолог.
Омилено парче облека?
Little black dress.
Сте добиле ли некогаш непристоен предлог?
Не.
Што е она без кое не би можеле да си го замислите животот?
Љубов.
Коронавирусот буквално ги промени нашите животи и навиките, што се промени кај вас?
Иако во почетокот морам да признаам дека се израдував на слободните денови, лично мене корона вирусот многу ме промени. Пред се ме научи дека не секогаш работите се одвиваат како што планираме и дека има проблеми кои не се во наша моќ да ги решиме и едноставно треба да оставиме на времето. Но исто така благодарение на корона вирусот комплетно се посветив на моите студии така да јас секогаш преферирам да ја гледам позитивната страна.
Важите за личност која сака да патува, кое место ви остави посебен впечаток?
Бали
Границите беа затворени, музичарите беа најпогодени како вие се снајдовте во периодот кога немавте настапи? Имате ли некое хоби на кое се посветивте?
Како што напоменав погоре се посветив на моите студии и учев, исто така и вежбав доста фитнес од дома се разбира. Читав книги и гледав Netflix.
Настапувате низ светот, можете ли да одвоите песна што најмногу буди емоции кај публиката, особено кај македонските иселеници?
Мислам дека тоа е индивидуално и зависно од лицата кои присуствуваат, сите ние имаме различни вкусови. Но ако едно е исто и тоа е факт, е дека кај македоснките иселенци најмногу емоции будат песните за Македонија.
Каква личност е Џесика?
Искрена, амбициозна, многу одговорна, перфекционист, емпатична (некогаш и премногу), workаholic.
Заљубена ли сте?
Да.
Активни сте на социјалните мрежи, често објавувате фотографии, кои коментари ве вадат од контекст и најмногу ве нервираат?
Па и не би рекла во изминатиов период дека сум многу активна. Но морам да признаам дека ме вадат од контекст коментари од луѓе кои воопшто не ме ни познаваат а си земаат за право да коментираат за мене како личност врз основа на наслов или слика.
Порано ве нарекуваа македонската Ким Кардашијан и покрај тоа што имате руса коса. Што мислите, зошто многумина ги потсетувате на најголемата ријалити ѕвезда на светот?
Не сакам споредби. јас сум Џесика.
Кој ви е најголема поддршка?
Моето семејство.
Со која од колешките најмногу се дружите?
Не би да издвојувам се дружам со повеќе колешки.
Што е следно што ќе видиме од Џесика?
Веројатно нова песна но не за брзо сигурно.