Кафе муабет
Интервенциите тргнаа наопаку? Што се случува со лицето на Северина? (ФОТО)
Откако Северина објави една фотографија на „Инстаграм“ следуваа низа коментари во однос на нејзиното лице...
Изгледот на Северина често пати е тема за која пишуваат нејзините обожаватели на социјалните мрежи. Без разлика дали станува збор за нејзиниот беспрекорен стил, совршено негувано лице или витка линија, обично следуваат комплименти на сметката на пејачката.
Меѓутоа, овој пат, беше поинаку.
Откако Северина објави една фотографија на „Инстаграм“ следуваа низа коментари во однос на нејзиното лице.
На прагот на педесеттите години, Севе изгледа божествено. Жената со безвременска убавина добиваше низа комплименти секој ден на сметка на нејзиниот изглед, а многумина дури и ја сметаат за најубава жена во регионот.
Сепак со овој пост Северина направи многумина да се прашуваат што се случило со нејзиното лице. Имено, на фотографијата се забележува дека има мали промени на лицето на пејачката па фановите забележаа дека таа навистина изгледа поинаку.
Полемиката започна кога многумина го пофалија изгледот на хрватската пејачка, па имаше и такви кои коментираа дека претерала со интервенции и дека едноставно била непрепознатлива.
Се уште не е јасно дали промената во изгледот на Северина Којиќ се должи на мали интервенции, или образите и се пополниле поради добрата техника на шминкање.
Сепак, насмевката на нејзиното лице покажува дека таа е задоволна од својот изглед и дека се чувствува добро во својата кожа.