Кафе муабет

Им рекоа нема да преживеат ниту една ноќ: Овие споени близначки се МЕДИЦИНСКО ЧУДО- имаат 33 години, работат како учителки, возат автомобил и живеат нормален живот

Нивното тело е одлично синхронизирано...

Аби и Британи Хенсел се сијамски близначки родени пред 32 години за кои докторите предвиделе дека нема да ја преживеат ниту ноќта.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Ова се должи на ретка медицинска состојба во која една оплодена јајце клетка не успева правилно да се одвои во целост во матката. Што ги прави двете девојки најретката форма на споени близнаци.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Аби и Британи имаат две срца, два стомаци, три бубрези, четири бели дробови. Од друга страна, тие делат еден црн дроб, еден граден кош, имаат заеднички циркулаторен систем и само делумно одделен нервен систем. Од половината надолу, Аби и Британи делат органи, вклучувајќи ги цревата, мочниот меур и репродуктивните органи.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

На многу начини, девојките живееле нормален живот. Тие одеа во редовно училиште и беа исклучително социјализирани. Пријателите и семејството секогаш ги поддржувале. Во прилог на тоа дека совладувањето на животните пречки не им е проблем на двете, тие го положија и возачкиот испит. По средното училиште се запишале на Бетелскиот универзитет во Арден Хилс, каде што дипломирале во 2012 година.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Нивните родители никогаш не размислувале за одвојување од страв дека тоа би било фатално за едната или за двете и дека ќе останат со тежок инвалидитет. Всушност, нивната мајка Пети не ни знаела дека очекува близнаци додека не се родиле девојчињата. Ниту лекарите не ја сфатија сериозноста на ситуацијата до раѓањето. Бебињата веднаш биле пренесени во клиника во поголем град.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

„Педијатарот рече дека моите бебиња се споени и дека имаат две глави“, се присетува Пети Хенсел во интервју за Дејли Меил од 2006 година.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

„Беше многу директен, но апсолутно коректен. Кога првпат ги видовме, помисливме колку се убави.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Иако Аби и Британи се поподложни на настинки и имале два напади на пневмонија, и двете велат дека се во добра здравствена состојба, и покрај серијата операции. Третата неразвиена рака им била извадена од градите кога биле бебиња. Нивното искривување на ‘рбетот било корегирано, додека градната празнина им била проширена кога имале дванаесет години, за да се спречат проблеми со дишењето.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Близначките велат дека нивните тела се „поделени со црвена линија“. Едната ја контролира левата страна на телото, додека другата ја контролира десната. Тие мора да работат синхронизирано за да се движат правилно.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Нивната анатомија се уште е мистерија за лекарите. Имено, секоја од нив не чувствува допири на спротивната страна од телото.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Кога една од нив ќе се ракува, другата не го чувствува тоа. Ова ги наведува лекарите да веруваат дека нивните неврони се единствени и дека не постои друг таков познат случај во светот.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Тие си ги завршуваат речениците и си ги читаат мислите, додека нивните тела се совршено синхронизирани.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Родителите не сакаа да зборуваат јавно додека Британи и Аби самите не посакаа. Во 2012 година, сестрите сакаа да го споделат својот живот на социјалните мрежи.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Светот за прв пат ги виде на малите екрани во 1996 година, кога Опра Винфри ги повика во своето шоу. Тие глумеа и во неколку документарни филмови.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел
фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Во тие филмови, сестрите зборуваа за нивното секојдневие и за тоа како научиле да живеат исполнет живот и покрај тоа што имаат различни интереси: Аби, на пример, сака математика, додека Британи е родена писателка, пишува „National Geographic“.

фото инстаграм/Аби и Британи Хенсел

Денес овие близначки водат мирен живот во родниот град и работат како учителки.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close