Новости
Има само основно образование, на свадба пеела кога имала 14 години а денес е една од најбараните пејачки на Балканот-
Животната приказна на Александра Пријовиќ!
Сите ја знаат пејачката Александра Пријовиќ која е снаа на познатата дива, Лепа Брена, но малкумина знаат дека таа на музичката сцена влезе многу млада, кога имала само 14 години.
Имено Пријовиќ се прослави уште кога како тинејџерка се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Таа тогаш не беше полнолетна, но по шоуто почна да заработува многу пари и сите ги вложуваше во кариерата.
Таа е толку популарна што детали од нејзиниот личен живот не престануваат да ја интересираат јавноста.
Таа беше запишана во Средно техничко училиште но кога започнала да се бори за својата кариера, и да биде дел од естрадните ѕвезди, признава дека го занемарила училиштето, за на крајот и да го напушти школувањето и до сега сè уште нема завршено средно училиште.
– Веќе на 14-годишна возраст пееше на свадби и беше прашање на време кога ќе се пробие во медиумите. Кога ја предупредија дека не може да отсуствува толку многу од часовите, таа одлучи да го промени статусот во вонреден ученик. Таа имаше рок во кој требаше да го заврши училиштето до јануари 2015 година, но сè уште не го сторила. Меѓутоа, ако не заврши средно училиште, таа ќе остане само со основно образование, што е срамота во денешно време, кога постојат сите можни услови за школување, а децата масовно завршуваат факултет. Се надевам дека ќе се освести и ќе се посвети на образованието, што сигурно ќе значи нешто во нејзиниот живот – открива извор близок на пејачката, за Информер.рс.
Пред две години се омажи за Филип, најстариот син на тенискиот ас Боба Живојиновиќ, со кого го има синот Александар. Иако многумина сметаат дека животот и е како бајка, и самата таа вели дека поради некои работи се кае, а најмногу што поради музиката не успеа да заврши средно училиште.
– Основно училиште завршив во Бели Манастир и бев одличен ученик. Потоа се запишав во средно училиште и завршив три години, но четвртата не. Едноставно, животот ме однесе на другата страна. Кога ти се случува нешто за што отсекогаш си мечтаел, како јас за пеењето, тогаш не гледаш на друго. Конкретно, јас не размислував за училиштето. Многу патував поради натпреварите во Белград и наставата ја оставив на страна. Не можам да кажам дека не ми е срам што не ја завршив четврта година. Се каам и секако дека сакам да го завршам училиштето“.
Неа никогаш не ја запознав зошто поч инала кога мајка ми имала 16 години, но сите ми рекоа дека имам глас како нејзиниот. Мајка ми секогаш вели дека баба Драгица би била среќна и горда да можеше денеска да ме види“ неодамна изјави пејачката.
Мајка и поради неа ја изгубила работата
Снимањата беа во викендите, а мајка ми во тоа време пееше во еден клуб во Хрватска. Бидејќи не стигнуваше да ме вози, мораше да избере и така таа остана без својот ангажман. Татко ми, баба ми и дедо ми водеа автобус со навивачи, а јас одев со мајка ми. Бев многу млада и неискусна, не се снаоѓав добро со шминката и гардеробата.
Сега кога ги гледам тие снимки ми е криво што не сум се облекла поубаво или нашминкала или што не сум направила поубава фризура. Никој во тоа време немаше стилисти и лица кои се грижат за нашиот изглед, едноставно се облекувавме како што знаеме и умееме. Кога испаднав од натпреварувањето, цврсто решив дека нема повеќе да се обидувам во „Ѕвездите на Гранд“.
Александра порасна заедно со својата мајка Борка Михајловиќ, која од нејзиниот татко Недељко Пријовиќ се разведе кога таа имала само три години. Затоа денес пејачката постојано истакнува дека на својата мајка и е многу благодарна за големата пожртвуваност за неа, бидејќи не живееле во раскош, но секогаш се обидувала на својата ќерка да и овозможи се’ што и треба.
Во продолжение погледнете неколку фотографии кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи…