Дом и семејство

ИМАМ 150 БРАЌА И СЕСТРИ И 27 МАЈКИ: Никому не смеев да зборувам за ова- Шокантна исповед за која зборува целиот свет!

Со оваа исповед го шокираше светот...

19 годишниот Мерлин Блекмор со својата исповед го шокираше светот. Имено тој е син на најпознатиот канадски полигамист, 64-годишниот Винстон Блекмор, и стана многу популарен на социјалните мрежи откако започна да открива каков е животот во незамисливо големо семејство – со 27 мајки и 150 браќа и сестри.

фото инстаграм/ merlins.lyfe

 

Тој заедно со уште двајца браќа Ворен и полубратот Марери на социјалната мрежа „ТикТок“ сподели видео, покажувајќи како изгледа животот во ова семејство.

фото инстаграм/ merlins.lyfe
фото инстаграм/ merlins.lyfe

Една од необичностите од ова семејство е, да речеме, дека Мерлин има полубраќа и полусестри родени на ист ден со него, но сите тие се од различни мајки.

Исто така, необично е што постои огромна разлика во возраста помеѓу некои од децата, така што 19-годишниот Мерлин е најмлад, додека најстариот брат е 44 години.

фото инстаграм/ merlins.lyfe

 

Сепак, тој вели дека родендените не изгледале како што сите замислувале, дека 150 браќа и сестри се појавувале пред вратата, туку открива дека биле поканети само најблиските пријатели и браќа и сестри кои биле блиску по возраст.

 

фото инстаграм/ merlins.lyfe

 

„Понекогаш, кога неколку деца славеа роденден за неколку дена, имавме една голема забава, но тоа не се случуваше често“.

Ворен и Мерлин се браќа, а Мареј е нивниот полубрат, но сите тројца се најдобри пријатели затоа што пораснале во иста куќа и сториле сè заедно – затоа што нивните мајки се всушност сестри.

 

фото инстаграм/ merlins.lyfe

 

Тој вели дека му било непријатно кога учел за своето семејство на училиште.

“За време на последната година на училиште, седам на час, учиме за законите и одеднаш има поглавје за полигамијата. Има едно цело поглавје за моето семејство и сите знаат дека е моето семејство. И така, морав и јас да учам и за тоа”.

 

 

Тројцата браќа, кои се разделиле од остатокот од семејството, иако одржуваат контакт со нив, се согласуваат за една работа – се надеваат дека следните генерации ќе имаат „нормални“ семејства, а не култови, како оној во кој пораснале.

 

Foto: Profimedia

Кое е семејството Блекморс

 

Блекморс се дел од црковна група во Баунтифул, Британска Колумбија. Нивниот лидер е Винстон Блекмор, кој има 150 деца и 22 жени, а во еден момент имаше 27.

 

Групата Баунтифул е основана од таткото на Винстон, Реј Блекмор. Таа е поврзана со Црквата на Исус Христос на последниве светци, мормонска фундаменталистичка секта и една од најголемите организации во Америка каде се практикува полигамија.

Ворен Блекмор живее во Канада…

 

фото инстаграм Warren Blackmore

Братот на Мерлин, Ворен Блекмор, кој сè уште живее во Канада, исто така зборуваше за времето поминато во култната црква.

– Јас и Мерлин сме браќа и најдобри пријатели. Мареј порасна со нас и сторивме сè заедно затоа што нашите мајки се сестри. Не се мразевме, си помагавме и се поддржувавме.

 

фото инстаграм Warren Blackmore

 

“Ова е прилично лудо, но татко ми имаше 27 жени во еден момент. Тоа беа шест групи сестри. Всушност, имаше две групи од по три сестри, а потоа уште четири групи од по четири сестри од друго семејство”, се обидува да објасни Ворен. 

Тој наведува дека во училиштето имал 19 ученици, од кои 5 биле браќа, 4 сестри, 7 роднини и 2 братучетки – т.е. целиот клас му бил блиско семејство, а најбизарно е што неговиот татко бил класен раководител.

фото инстаграм Warren Blackmore

И сите тие се родени во 1999 година.

фото инстаграм Warren Blackmore
фото инстаграм Warren Blackmore

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close