Кафе муабет

Имаа бурен брак, му прости неверство, се разведоа и пак и се врати- ова е сопругата на Шако Полумента со која е заедно повеќе од 30 години!

Шако вели дека Весна е неговиот најдобар пријател во се, а немало да постигне толку ако не била таа до него...

Славниот пејач Шако Полумента приватниот живот не го споделува со јавноста, па ретко можеме да видиме фотографија од неговите најблиски.

фото инстаграм
фото инстаграм

Пејачот скоро 30 години е во брак со Весна Полумента со која има три деца. Како и во секој брак и кај нив има подеми и падови, но Весна остана да биде сопруга во сенка која му ја дава најголемата поддршка на пејачот, дури и кога со докази е јасно дека тој се додворува на млади девојки.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

Шако вели дека Весна е неговиот најдобар пријател во се, а немало да постигне толку ако не била таа до него.

Инаку, пејачот со својата сопруга е повеќе од 20 години. Тие зад себе имаат еден развод и три деца – двете ќерки и синот Адис.

фото инстаграм
фото инстаграм

Бракот на Весна и Шако беше поприлично бурен. Имено, тие се разделија во 2010 година, за да по три години подоцна пејачот повторно и се врати тврдејќи дека всушност никогаш не заминал од неа.

фото инстаграм
фото инстаграм

„Во секој брак постојат лоши моменти. Кај некои тоа трае подолго, кај некои пократко. Ние бевме разделени, но немаше непријателство и никогаш не си заминав од децата, а ни од неа. За се’ што беше потребно јас бев тука“, изјави Полумента во 2013 година.

Шако и Весна имаат три деца, ќерките Ријана и Ријалда, како и синот Адис. Тие живеат во Подгорица каде имаат семејна куќа.

фото инстаграм

Иако Шако честопати го следеа скандали поврзани со разни скокотливи фотографии кои наводно им ги испраќал на девојките со кои ја изневерувал Весна, таа сепак се уште е со него.

фото инстаграм

Сепак, двојката имаше брачна криза пред околу десетина години што не можеа да ја надминат, па донесе до развод.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close