Кафе муабет
Излезе на виделина најголемата тајна на Тања Савиќ: Пејачката го изневерила сопругот со оженет пекар?
Неможе да крене глава од скандали...
Овие денови повторно во медиумите на тапет е пејачката Тања Савиќ.
Како бомба одекна веста за нејзината наводна бременост, а сега пак се пишува дека пејачката го изневерувала сопругот Душан Јованчевиќ со сопственик на синџир пекари од околината на Белград, тврдат блиски извори на пејачката.
Како што велат за српски Курир, пејачката била во тајна врска пред пандемијата на коронавирус. Набргу потоа, нејзиниот сè уште законски сопруг ги однел нивните деца во Австралија. Савиќ влегла во врска со богат бизнисмен кога имала многу проблеми во бракот и кога кавгите со Душан биле речиси секојдневни.
Пекарот го запознала на прославата што ја организирал за неговиот син за полнолетство, на која пеела Савиќ.
Според извори блиски до пејачката, тие останале во контакт и по прославата, а набрзо влегле во врската која ја криеле од сите. Меѓутоа, по извесно време сопругата на пекарот дознала дека сопругот ја изневерува, па го оставила.
-Тој човек полуде по Тања, инаку е полн како брод! По семејната веселба тие останаа во секојдневен контакт, а потоа набрзо се видоа и започнаа врска. Тања му се пожалила дека има проблеми со Душан, но се плашела дека тој ќе замине во Австралија, што подоцна се случило. Беше и заљубена. Постојано ја опсипуваше со внимание и подароци. Кога сопругата на бизнисменот дознала за оваа афера, го оставила и се оддалечила, а неговите синови останале кај него. Беа заедно некое време, а подоцна Тања го остави за да ја реши семејната драма – вели извор запознаен со врската на пејачката, кој детално се осврнува на приказната.
Наводно ова му било најтешко на Душан, кој веднаш заминал за Австралија откако слушнал за измамата на неговата сопруга, по што пејачката влезе во правна битка да ги врати децата во Србија, но самата тврдела дека Душан ја манипулирал како и дека запознал нова жена во Австралија.
Сепак, нејзиниот се уште законски сопруг потврди дека една од причините за кавгата и лошите семејни односи меѓу Савиќ и Јованчевиќ е нејзината измама.
– Време, само време, па се ќе ти биде јасно. Од еден на друг оди само заради опстанок. Таа е проколната, не знае што е љубов, а што живот. Таа е роб на себе, времето ќе покаже – изјави тогаш Душан за Курир, кога се дозна за нејзината нова врска со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.
За нивната врска се шпекулираше со месеци а неодамна се појави и нивна заедничка фотографија на која се гледа како седат еден до друг во голема група.
– Боже, какво прашање! Дали имам право да ја зачувам мојата приватност и да не морам да давам детали за мојот приватен живот? Не морам да одам на полиграф или не знам што. Пишувајте тоа е ваша работа. Ако имате докази – ги почитувам. Ако немате – и тоа го почитувам – рече Тања во една прилика.
Инаку дека пејачката е бремена ја издаде тестот за бременост кој наводно го купила.
– Беше баш мирен ден, немав работа. Во еден момент влезе Тања и купила тест за бременост, но не мора да значи дека го купила за себе.
А што и да го купила за себе? Млада е убава е, живот е пред неа. Знам и дека сака ќеркичка, па ете, јас од срце и посакувам тестот да биде за неа и да биде позитивен, рекла аптекарката за српските медиуми.
Сепак Тања Савиќ по овие шпекулации се уште не се огласила во медиумите.