Кафе муабет
Изградија вистинска империја: Брена и Боба уживаат во богатството кое го заработија- еве што се поседуваат
Луксуз за сите пари...
Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ во текот на кариерата заработија големо богатство.
Од заработените пари брачната двојка со години инвестирала, меѓу другото, и во недвижнини, па изградиле вистинска империја, а моментално уживаат во богатството кое го поседуваат.
Брена и Боба со синот Виктор со години живеат во луксузна куќа на Брежаниска Коса, која изгледа како бајка, но освен неа поседуваат уште неколку имоти, автомобили и луксузна јахта.
Внатрешноста на вилата изобилува со детали во нијанси на беж и златна боја, на кои може да се забележи и позлата. Во дворот има голем базен на две нивоа, кој е опкружен со зеленило.
Познатата двојка поседува стан и во Црна Гора, во една од најскапите згради во Будва, а цената на метар квадратен од „кралскиот стан“, како што го нарекуваат, изнесува дури 4.000 евра. Кога се ќе се собере, ако станот што го зеле Брена и Боба е најмалку 70 квадрати, цената не е помала од 280.000 евра, пишува „Телеграф.рс“.
Покрај станот поседуваат и јахта на која уживаат секогаш кога имаат можност.
Цената на јахтата е неверојатни 6.000.000 евра, а поголемиот дел од времето на неа го поминуваат кога се на црногорското или хрватското приморје, каде често е закотвена во зимските денови.
Боба и пејачката поседуваат и куќа во Мајами, каде сосетка им е кралицата на поп музиката Мадона. Брена призна дека неколку пати налетала на пејачката, но не разговарале.
– Ја сретнав Мадона во Монте Карло во лифтот и видов мала жена која личеше на неа. Беше со обезбедување, имаше наочари, жената тргна на џогирање. Велам „погледни ја оваа жена, таа е иста Мадона“ и на крајот сфатив дека тоа е таа – рекла тогаш Брена.
Куќата вреди повеќе од 900.000 евра, има над 400 метри квадратни и се наоѓа веднаш на самиот брег.
Пејачката и поранешниот тенисер поседуваат и стан во Монте Карло од 150 метри квадратни, во кој има голема дневна соба со две кујни, тераса, спална соба и три соби за гости. Во 2016 година го реновирале и го смениле целиот мебел. За тоа издвоиле дури 50.000 евра.
Покрај недвижен имот, брачната двојка поседува и неколку луксузни автомобили со кои често патуваат на луксузни дестинации.
Она што е познато е дека Лепа Брена и Боба Живојиновиќ наскоро ќе почнат да градат луксузен хотел на Златибор во кој ќе инвестираат околу 50 милиони евра.
Тоа го потврди и поранешниот тенисер кој рече дека планира да инвестира и во бизнисот во Мајами.
Како што дознава српски Курир, овој луксузен објект ќе се гради зад езерото, меѓу Дино паркот и студентското одморалиште. Како истакнат спортист, Боба таму во 90-тите доби парцела од два хектари.
Пазарната вредност на декарот во тој дел, како што дознаваат медиумите од трговците со недвижности, е меѓу 25.000 и 30.000 евра, па затоа неговата парцела чини околу шест милиони евра.
Дека Брена и Боба се вистински бизнисмени кога станува збор за инвестирање во нови бизниси, покажува и фактот дека имаат неколку успешни компании. Тие со години имаат фирма за чистење фасади, покриви, патеки, но и патишта и вадење графити од ѕидови.
Овој бизнис парот неодамна го препушти на синот Виктор Живојиновиќ, но двајцата се уште се регистрирани како сопственици на бизнисот.
Пред неколку години го купија целиот кат на кулата во Нов Белград, а прв сосед им е Новак Ѓоковиќ. Семејството Живојиновиќ планирало да се пресели таму во следниот период, кога ќе ја продадат вилата на Бежанијска коса.
Тие поседуваат и винарија во Шидо, а планираат да инвестираат и во недвижен имот во Мајами и Малдиви.
Се пишуваше и дека Брена планира да започне бизнис со хулахопки и дека производот ќе го пласира во следниот период.