Кафе муабет
Игор Џамбазов: ПОМЛАДИТЕ СЕ МНОГУ ЈАКИ ВО ИНБОКС, ВО ЖИВО НЕ ЗНААТ ДА БЕКНАТ – ,,Илина, љубов моја, те сакам’’
Џамбазов избран за маж на годината...
Уште од првиот ден кога објавија дека се во врска, познатиот актер и шоуумен Игор Џамбазов и познатата алпинистка Илина Арсова станаа омилени во јавноста.
Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов
Илина Арсова успеа да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов
„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови“ рече во една прилика Илина.
Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов
Вчеравечер се одржа 5-тото јубилејно издание на изборот на „Мажи на годината“ во хотелот Doubletree by Hilton Skopje, а наградата „Маж на годината избран од страна на организаторите“ ја доби Игор Џамбазов.
Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов
Тој на сцената имаше шеговито, но и емотивно обраќање и наброја со што сè ја заслужил оваа награда во текот на 2022 година.
Игор Џамбазов при подигнување на наградата изјави:
Фото:Инстаграм/Игор Џамбазов
„Ми велат награда „Маж на годината“ и веднаш правам листа да видам дали сум ја заслужил.
Нова сезона на најгледаната хит серија „Преспав“, квизот „20 секунди“ на МТВ, еколошката серија „Агенда 21“ со Весна Петрушевска, ја завршив седмата книга, во моментот играм и режирам претстава, која ќе игра во февруари, истава година ја добив наградата која го носи името на мојот дедо Петре Прличко, потоа го завршив мојот најдолг музички албум се вика „30 години Игор Џамбазов и Гуру Харе“, го загубив мојот најдобар пријател Сашо Пижевски Пиже, го загубив мојот машки родител Александар Џамбазов, значи навистина има еден маж на година тука.
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Помладиве нешто се многу јаки во инбокс, а кога ќе застанат очи во очи не знаат да бекнат. Значи не се плашете да ги искажувате своите чувства, особено кон жените и ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: „Илина Арсова, љубов моја, те сакам.“
Фото:Инстаграм/Илина Арсова
Потоа и Илина сподели фотографии од него на Инстаграм и напиша: „Љубов моја нека се множат, заслужени се, те сакам. Честито на мојот маж на годината.“