Кафе муабет
ЗЛАТА ПЕТРОВИЌ ГО ПОКАЖА СИНОТ: Ретко се појавува во јавноста, еве како изгледа сега Јован- вистински маж!
Злата има два сина...
Вчера вечер се одржа голема прослава на портарот Информер.рс а на овој настан дојдоа многу познати личности, а меѓу првите дојде Злата Петровиќ придружувана од синот Јован.
Таа откри дека не се подготвувала многу бидејќи го реновирала станот, но на прославата дошла многу расположена.
-Никогаш не отидов на ботокс затоа што ги имам тие образи и не ми стои инаку би ставила, но немам проблем со овие мои брчки. За еден месец ќе наполнам 60 години – изјави Злата.
Злата откри дека за роденден планира да оди на одмор со синовите но и дека не се плаши од годините:
-Ако некој има самодоверба, тоа сум јас, јас сум мала жена, но динамитна.
Кога станува збор за неисполнета желба истакна дека сака само да се смее и да гледа среќни луѓе околу себе. Јас сум многу скромна жена како и моите деца и мислам дека ниту куќа, ниту вила не може да ве направат среќни како семејството.
Да потсетиме, пејачката Злата Петровиќ има два сина, Мики кои го доби во бракот со пејачот Хасан Дудиќ и Јован од бракот со водителот Зоран Пејиќ Пеја.
Пејачката секогаш истакнува дека е горда што ги одвела синовите на вистинскиот пат и често зборува за тоа како нејзиниот помал син Јован работи во продавница во трговски центар.
– Многу сум гордa токму затоа што тој е сличен на мене и на татко мu. Ние сме многу скромни луѓе, никогаш не покажуваме што имаме или немаме – рече таа и додаде:
– Ако не ги гледате мојата душа и срце, сè друго е ирелевантно. Убаво е што, иако заработуваме добро, во ниту еден момент моите синови не сакаа да зборуваат за тоа чии се.
Злата не крие дека често го повикува постариот син да оди на настапи со неа, бидејќи тој е музичар, но тој не сака, за луѓето да не помислат дека тој успеал поради неговата мајка.
– Тие не се од тој филм едноставно и драго ми е, бидејќи тие се борат за својата иднина како личности и многу ми е драго за тоа – посочи Петровиќ за „Гранд“.
Синот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пејо, веќе некое време работи во продавница за спортска опрема на познат бренд.
Јован Пејиќ веќе неколку години е на оваа позиција и работи за плата помала од 300 евра иако неговите родители се познати и богати.
Злата и Пеја заработуваат по десетици илјади евра, и тоа најмногу од ромски веселби, но нивниот син е скромно момче кое покрај тоа што е студент на менаџмент, успеа да пронајде и постојана работа. Тој е добар студент и дете за пример, велат неговите познати родители.
Познатата фолкерка вели дека сам заработил пари за да купи автомобил и дека е многу одговорен, што и не ја чуди бидејќи и таа и нејзиниот сопруг се одговорни и вредни луѓе, па ништо не паѓа од небото. Од друга страна, и неговиот сопруг со гордост зборува за него, истакнувајќи дека Јован е дете за пример и преставува совршен доказ дека и децата на познатите можат да бидат „нормални“, „без да се фатат за лошо друштво и да тргнат во некој погрешен правец“, вели тој.