Новости
ЗЕМЈОТРЕСОТ ГИ ОСТАВИ БЕЗ ДОМ- Со три деца живееме во автомобил, немаме пари ниту бензин да се топлиме!
Ова петчлено семејство живее во автомобил...
Драгица Лазиќ, мајка на три деца за 24sata.hr ја раскажа нивната тешка приказна.
Имено семејството со три деца спие во автомобил во центарот на градот Глина кој е во лоша состојба по разорниот земјотрес.
Тие велат дека гадоначалникот Стјепан Костањевиќ во вторникот им ветил дека основната помош ќе пристигне, но се уште чекаат.
Маж, жена и три ќерки живеат во автомобилот и се обидуваат да се прехранат и стоплат. Кампот им стигнал но пукнал, протекол и не за живеење, вели Драгица.
Децата се многу исплашени, не смееме да влегуваме во куќата. Тој камп што го добивме не е ни за добиток … – раскажува г-ѓа Драгица Лазиќ за споменатиот медиум.
Ние сме во неверување. Кампот е во катастрофална состојба, полн со прашина, мебелот е оштетен.
– Пристигна синоќа. Не се ни обидовме да влеземе внатре. Само што ја отворив вратата и ми беше доста. Хигиена? Се бањавме само еднаш, завчера. Топла облека имаме, јас им готвам на децата на ризик. Ќе видиме уште колку можеме да издржиме – вели низ солзи г-ѓа Драгица и додава:
– Ги добивме сите потребни работи, но на децата им е ладно. Ни требаат лекови, немаме пари, немаме ниту гориво за да се стоплиме, мојот сопруг не работи, немаме приход. Џесика (9), Теодора (7) и малата Анамари (3) се многу исплашени.