Кафе муабет
За седум песни Манојловиќ заработила за гарсоњера, евра летаа од сите страни- еве на која песна доби најголем бакшиш!
Пејачката задоволна од заработката...
Рада Манојловиќ важи за една од најатрактивните пејачки во регионот, а тоа се потврди и со последната информација која ја објавија медиумите.
Имено пејачката наводно зела дури 20.000 евра за седум песни на свадба! Таа неодамна беше гостинка на прослава во Тутин, каде се појави на барање на младенците.
Имаше микрофон, а свадбарите цело време ја красеа со евра. Кога го завршила настапот по еден час, од свадбата излегла побогата за 20.000 евра! На интернет се појавија снимки од оваа забава, па таа за српски нформер кажа дали е вистина или шпекулацја сумата за која се пишува дека ја заработила.
– Беше убава забава,но нема да ви кажам колку пари заработив. Тоа нека остане тајна. Вистина е дека имаше многу бакшиш, но многу поважно е што и младенците и свадбарите одлично се забавуваа. Беше лудо и незаборавно – рече пејачката, која откри нешто повеќе и за младенците од Тутин:
– Домаќините беа прекрасни. Тие живеат во Германија, а свадбата беше во Тутин бидејќи се родени таму. Тоа беше вистинска бошњачка свадба, со многу интересни обичаи. Многу сум им благодарна на младенците Алма и Денис Кахровиќ што ме избраа за нивниот најубав ден. Тие се прекрасни млади луѓе и се гледа дека многу се сакаат.
Настапот на Рада во Тутин започна со песната „Немам друг дом“ на Лепа Брена, која беше избрана за свадбениот танц. Потоа ги изведе трите хита „Свадба“, „Маракана“ и „Бисери и свила“. Убедливо најголем бакшиш добила за песната „Европа“ на Стоја Новаковиќ. Додека го пееше тој гастарбајтерски хит, околу неа се фрлаа банкноти од 200 и 500 евра!
Кога испеа седум песни, Рада се поздрави со младенците и свадбената веселба и замина за Белград.
Инаку она што е интересно за Рада овој период е тоа што се очекува таа да запее и на сопствена венчавка.
Пејачката и нејзиниот девет години помлад партнер наскоро би можеле да ја официјализираат врската по наговор на неговите родители, бидејќи наводно тие го советуваат дека е време за тоа.
– На самиот почеток на нивната врска, родителите на Харис не беа многу ентузијасти за снаата, но ја засакаа со текот на годините и сега ја гледаат како ќерка. Затоа неодамна го притиснаа Харис и сериозно разговараа со него. Тие се во врска шест години и не размислуваат за брак или деца. Рада би сакала да биде реализирана како мајка, но нема да го тера Харис, бидејќи тој мисли дека е уште млад за да се реализира како родител, а таа го почитува тоа. А, годините ѝ одат, има 37 години, време е за породување – изјавил извор близок на парот за споменатиот медиум.
Исто така, Рада била прифатена од родителите на Харис како нивно дете, а Харис наводно го советувале да одлучи што да прави во врска со иднината со пејачката.
– Таткото на Рада веќе не ги прашува за деца, се откажа од тоа, не се надева, но кога ќе се случи, ќе биде пресреќен, нема да размислува за тоа бидејќи само се нервира. Неодамна родителите на Харис му рекле: „Или жени се за Рада или остави ја, ѝ одат годините, таа не е во цутот на младоста, ако не сакаш да се ожениш и да бидеш татко нека ја најде девојката својата среќа. Треба да биде мајка. Види што ќе правиш, не можеш повеќе вака со неа“. Му се закануваа на Харис, а кога и кажаа на Рада, таа се изненади, а имам впечаток дека и беше мило, бидејќи ја почувствува нивната поддршка – заклучува изворот за Стар.