Кафе муабет
За една венчаница даде пари колку за една гарсоњера а ќе има три, кумата ги заборави бурмите, полиција интервенираше во домот- шок детали од свадбата на Катарина Грујиќ и Марко
Таа и Марко се пресреќни, ги заменија заветите...
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ се венчаа во храмот Свети Сава, а гламурозната забава е закажана за во хотел во Белград.
Младоженецот ја зема невестата од семејната куќа во Вождовац во друштво на својата мала ќерка Катја.
После тоа, младенците со луксузна лимузина се упатиле кон храмот Свети Сава, каде што се одржа црковна венчавка.
Трубачите ги пречекаа пред храмот Свети Сава, а среќните младенци не симнуваа насмевка од нивните лица.
Фудбалерот решил да не штеди на овој ден, па штом пристигнал пред храмот трубачите ги кител со по 50 евра. Гобељ ја држеше венчаницата на Ката, а до Храмот ги придружуваа седум телохранители.
Падна бакнеж пред сите, а кумата Андрена Чекиќ изненади со својот стајлинг, кој, како што многумина коментираат, не одговара за црковна венчавка. Таа се појави во костум под кој имаше само корсет од кој за малку ќе и испаднеа градите.
Инаку, според стариот српски обичај, Марко претходно ја купил невестата за 5.000 евра. Држејќи се за младоженецот кој во раце ја носеше ќерката Катја, Ката блесна во венчаница од 20.000 евра, додека на вратот носеше дијамантско ланче.
Патем, лоша среќа се случи на самиот почеток на свадбената церемонија. Имено, кумата Андеана Чекиќ ги заборавила бурмите, но тој проблем набрзо бил решен па младенците застанале пред владиката Стефан, кој инаку е свештеник на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Веднаш им порачал дека најголемата љубов е Божјата, од која и тие добиваат љубов.
– Пресреќни сме, најсреќни – изјавила Катарина по венчавката.
Инаку двојката се вери пред една година, а се венчаа пред матичар пред неколку месеци, непосредно пред Ката да се породи и да ја роди ќерката Катја.
Пејачката сакала да се испочитуваат традиционалните обичаи па се подготвувала за венчавката во куќата на нејзините родители во Душановац. Младоженецот со семејството дошол да ја земе невестата, а кога Марко ја извадил Катарина пред куќата, сите останале без зборови.
Грујиќ блеска во елегантна венчаница од албански дизајнер, а како што објавија тамошните медиуми, фустанот чини дури 20 илјади евра!
Покрај оваа венчаница, Ката денеска ќе има уште две, за кои, како што пишуваше, платила уште 10 илјади евра.