Кафе муабет

ЗАКАЖАА ТЕРМИН – ЕВЕ КОГА ЌЕ СЕ ЖЕНИ ДАРКО ЛАЗИЌ: Планираат голема свадба, ќе трае 2 дена!

Ќе ја официјализираат врската...

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата девојка Барбара Бобак не кријат колку се заљубени.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Тој вчера истакна дека Барбара ги почитува празниците.

– Цел живот барав жена која ќе ги почитува моите необични обичаи и конечно ја најдов.

Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Личноста што е во врска со мене мора да се навикне на традицијата што ја практикувам за нашиот најсреќен празник. На Барбара не и пречи и ме поддржува во се. Од сите празници најмногу го сакам и почитувам Божиќ и тоа никогаш нема да се промени – вели Лазиќ за Република.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Фолкерот уште од мал ги почитувал сите традиционални обичаи.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Како дете практикував да одам во шума за Бадник. Носам малку вино за да се најде по пат. За Бадник со другарите правам ракија и печам риба, а во исто време ги вртиме свињите што ќе ги јадеме на Божиќ – изјави Лазиќ кој овој Божиќ го прослави во друштво на Барбара.

фото инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Двајцата во мај ќе ја официјализираат врската и ќе направат голема свадба.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Ако се биде како што треба, на крајот на мај ќе се оженам за Барбара, се е веќе закажано! Го избравме тој термин бидејќи ќе биде убаво време и ќе може да се слави на отворено. Веселбата ќе бидат во текот на неделата, бидејќи ние пејачите работиме за викенди – вели Дарко и додава дека нивната свадба ќе трае два дена:

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Првиот ден ќе славиме во ресторанот, а следниот ден во шаторот пред кој ќе го испечеме волот. Еднаш се жени Дарко Лазиќ. Извинете, двапати – истакна фолкерот.

фото инстаграм/Барбара Бобак

За потсетување, пред Нова Година во медиумите излезе веста дека Дарко и Барбара се венчале тајно во Америка.

Откако се во врска, Барбара ужива во подароците од нејзиниот сакан а за тоа редовно ги информира нејзините фанови преку социјалните мрежи.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Имено, Барбара не можеше да ја сокрие својата среќа и на Инстаграм профилот објави фотографија од скап часовник на раката кој го доби од Лазиќ.

– Реков да!!! – напиша таа во описот на сликата и предизвика лавина реакции.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Според извор близок до парот, тие двајцата навистина го кажале судбоносното „да“ во Лас Вегас, а веднаш по написите пејачката се огласила за Пинк и открила што е вистината.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Имено, како што вели таа, свадбата не се случила, а нагласува дека таа и Дарко, доколку има свадба, ќе приредат незаборавна забава за која ќе зборуваат сите.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Кога ќе се венчаме, сето тоа нема да биде тајно и цела Србија ќе зборува за тоа, верувајте! Не знам кој ја измислува оваа глупост, Елвис… – низ насмевка коментирала Барбара и со тоа ставила крај на сите шпекулации.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Па убаво му реков на Дарко, двапати не успеа, свршувачка, брак, деца, но се тргна наопаку, затоа се заврши како што заврши. Сакам чекор по чекор. Прво нека биде огромна свадбената веселба, лудило, па потоа на ред ќе дојдат децата. Засега живееме заедно и навистина е убаво – изјави неодамна Барбара.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close