Новости

Жена прогласена за херој – во петтиот месец од бременоста скокнала во вода и спасила четири девојчиња

Бремената мајка е прогласена за херој откако спаси четири деца од давење во езеро...

27 годишната Алис Девит е жената која буквално го освои интернетот преку ноќ.

фото Printscreen
фото Printscreen

Имено таа е прогласена за херој откако направи нешто неверојатно и воедно ја врати вербата во човештвото.

Бремената мајка е прогласена за херој откако спаси четири деца од давење во езеро.

фото Printscreen
фото Printscreen

Алис Девит со своите деца го посетила езерото Мичиген и се исплашила кога видела група девојчиња, сите на возраст под 15 години, како влегуваат во водата, додека дувал силен ветер и се создавале големи бранови.

– Случајно погледнав нагоре и видов девојка како мавта со рацете кон мене и веднаш сфатив дека нешто не е во ред – се сеќава Алис.

фото Printscreen

Таа повикала полиција, но не можела да слушне ништо поради бучавата создадена од ветерот и силните бранови.

– Не знаев дали полицијата може да ме слушне на телефон и немав време да чекам за да дознаам – додава храбрата трудница.

Скокна на стомак, и покрај тоа што беше во петтиот месец од бременоста, и започна со обидот за спасување на девојчињата од водата.

фото Printscreen

„Секој пат кога ќе повлечев една од нив за половина, голем бран ќе се пробиеше врз нас и ќе ги вратеше назад или скоро ќе ме повлечеше“, рече таа.

– Мојот пресвртен момент беше кога една од девојките ме погледна и ми рече: „Ќе ум-рам!“. Тоа беше пресудно за мене, ја повлеков колку што можев и и реков: „Нема да те оставам да умреш, ќе те извлечам од вода, ветувам“, вели Алис, додека гордата насмевка игра нејзиното лице.

Алис успеала да ги извлече сите три девојки од водата пред група луѓе да се упатат кон нив во обид да ја спасат четвртата девојка која успеала да се доближи до брегот, но не можела да застане бидејќи ногата и била повредена.

– Искрено, не знам како успеав, беше чист адреналин во тој момент. Веднаш откако ги однесов сите на плажа, амбулантни возила и полициски автомобили влетаа на паркингот – додава таа.

Алис имала мала повреда на зглобот, но и таа и бебето биле добро кога отишла во болница на преглед.

Храбрата бремена жена изјави дека и е драго што тој ден била таму за да им помогне на девојчињата.

 

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close