Новости

Емина Јаховиќ си го отвори срцето: Се уште не го преболев разводот, тој ден беше најлошиот во мојот живот!

Пејачката вели дека се уште и е тешко поради распадот на бракот

Пред извесно време популарната поп-sвезда Емина Јаховиќ зборуваше за тоа колку целата ситуација со коронавирусот ја погодила и влијае врз неа, при што таа потенцираше дека ова е еден тежок период како за неа, така и за сите нас.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Сепак, Емина истакна дека имала многу полоши ситуации во животот, а една од нив секако е и разводот со Мустафа, за кој, како што вели, сè уште не го надминала.

– Оваа година беше многу тешка за сите нас, но јас имав исклучително тешки и болни периоди во мојот живот и пред тоа. Најтежок ми беше периодот кога се разведував со Мустафа. Застанав на нозе, но секоја жена што доживеала развод знае дека тоа е нешто на кое мирисате со години – изјави пејачката за „Информер“.

– Сè уште не сум го надминала распадот на бракот, но време е сè да се стави на своето место. Кризата во бракот траеше долго. Ние се обидовме да го задржиме, најмногу заради децата. Колку што беше потребно да се создаде, толку требаше и да се распадне – изјави Емина во емисијата со Огњен Амиџиќ.

Емина откри и дека денот на разводот за неа бил најтешкиот ден во животот.

 

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

– Денот на разводот беше катастрофален за мене,  две години се подготвував за тоа. Плачев многу, а и тој. Тој тагуваше. Не плачеше, но тагуваше, видов дека не му беше лесно.

Судијата рече: „Те молам, престани да плачеш затоа што ќе го одложам судењето“ – откри тогаш пејачката.

 

Како што и самата истакнува, некако научила да балансира, па сега не реагира бурно и емотивно на проблемите. Вели дека на ова ги учи и своите синови.

Таа истакна дека денес многу посмирено реагира на секој проблем.

– Имам деца и се обидувам да им објаснам колку е важно да се најде рамнотежа помеѓу добрите и лошите работи во животот. Мудроста доаѓа со возраста и останува до крајот на животот – рече Емина.

 

Емина проговоре за спонтаниот абopтус

– Имав некои обврски кои требаше да ги завршам во Белград, дури и не знаев дека сум бремена. Открив дека сум бремена кога се вратив во Истанбул. Нешто не беше во ред со фетусот и го изгубив бебето – рече Емина во една прилика.

 

Фото Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Емина Јаховиќ – Би сакала да родам девојче!

Во една прилика пејачката откри дека би сакала и по трет пат да се реализира како мајка, но откри и дека има голема желба да роди девојче, бидејќи веќе има два сина.

– Ако се случи, би сакалa да имам уште едно дете и би сакалa тоа да биде девојче – рече Емина, која потоа се осврна на синовите кои секој ден се повеќе созреваат. Таа рече дека и недостасува разговор со нејзините наследници на српски јазик во Турција.

 

Јаман и Јавуз одбиваат да зборуваат на нејзиниот мајчин јазик

– Постариот син Јаман разбира и зборува српски, но многу слабо. Тој дури е и смешен кога почнува да зборува на српски, затоа што изговара многу зборови погрешно. Од друга страна, помладиот син Јавуз одбива да учи српски јазик и јас комуницирам со него исклучиво на турски јазик – рече пејачката, пренесува „Телеграф“.

 

 

Емина Јаховиќ открива детали за дадилките на нејзините синови

 

Како и секоја мајка, така и Емина Јаховиќ, секогаш го сакала само најдобро за своите синови Јаман и Јавуз.

.

 

Таа за прв пат јавно прозборе, и призна дека кога тие биле многу мали, немала доверба во никој и сменила дури 30 дадилки.

 

 

– Немав доверба во никого. Првата година и пол сменив 30 дадилки. Не ми се допаѓаше ниту една  – рече Емина на почетокот, а потоа додаде:

– Имавме медицинска сестра од Бугарија. Таа беше чудна. Не ме остави да го земам своето бебе кога јас ќе посакав. На пример, еднаш таа ми рече: „Не може сега, спие“ или нешто слично. Пушти ме, жено детето е мое!  Следниот ден, му реков на Мустафа дека мора да се ослободиме од таа жена – рече Емина.

 

 

– Само една дадилка беше одлична. Таа го научи мојот син да спие на време, го научи на дисциплина.

Јас не ги оставав децата често сами, тоа ми се случило можеби два пати и тоа на кратко, без тоа да биде службено патување – заклучи познатата кантавторка за телевизијата „Happy”.

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close