Кафе муабет
ЕМИНА ЈАХОВИЌ СЕ ОГЛАСИ ПО ВЕСТА ДЕКА МУСТАФА СЕ ОЖЕНИ: Пејачката напиша само 1 реченица!
Синовите не присуствуваа на венчавката...
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ го кажа судбоносното “ДА” на својата избраничка Мелиса Сутсуруп.
Како што пишуваат медиумите Мустафа се оженил со две децении помлада девојка.
Малкумина очекуваа дека неговиот нов брак ќе дојде толку брзо, иако пред еден месец овој настан беше навестен од неговата избраничка Мелиса која објави дека ќе го земе неговото презиме.
„Можеби некоја имала автомобил пред мене, можеби некои девојки те чекале со мираз, можеби ти си крив… Но сето тоа нè подготви за ова денес, мој Кито. Јас сум секогаш со тебе, за да бидеш насмеан и спокоен. Среќен роденден, идно презиме“, напиша две децении помладата Мелиса Сутшуруп, пред нешто повеќе од еден месец, и објави мозаик од заеднички фотографии.
Она што е секако многу необично е тоа што и двајцата беа облечени во црна облека.
Мелиса не беше класична невеста облечена во бело а тоа зачуди многумина.
Дури по церемонијата објавија фотографии кои сега кружат на социјалните мрежи, а на церемонијата не присуствувале ниту синовите на Мустафа.
Имено Емина Јаховиќ вчера на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографии на кои се гледа како се забавува додека нејзиниот поранешен го изговара судбоносното ДА.
Таа и нејзините синови го славеа десеттиот роденден на Јавуз, а во оваа прилика пејачката му направила прослава на која присуствувале неколку пријатели, но и неговиот постар брат.
За потсетување, Емина и Мустафа откако се разведоа имаа голем број на несогласувања, па дури во една прилика се најдоа и на суд поради вредниот имот кој го поседуваа за време на брак.
Пејачката Емина Јаховиќ наводно води битка на суд со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал поради имот вреден 20 милиони евра.
Како што пренесува „Информер“, поранешните сопружници најголемата битка ја водат околу вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и студијата кои ги купиле за четири милиони евра.
– Емина е бесна на Сандал бидејќи се обидува да ја остави без ништо, иако беа во брак 10 години. Проблемот е што Мустафа бара да се продадат двете недвижности и поголемиот дел од парите од продажбата да му припаднат нему!
Емина затоа ангажирала неколку адвокати кои ќе се обидат на суд да докажат дека се работи за имот стекнат во брак, кој не може да го отуѓи без нејзина согласност – вели добро упатен извор и додава дека Емина не сака да ја напушти куќата во која живееле нивните синови Јаман и Јавуз.
– Таа вила е една од најубавите во Турција. Има два базени, терен за голф, вежбална, шест спални соби и прекрасен поглед на градот.
Емина бара да продолжи да живее таму со момчињата, додека Мустафа сака да ја продаде и да купи станови.
Освен за луксузната вила, пејачите водат битка и за музичкото студио кое заедно го купиле за четири милиони евра – рекол изворот.
– Емина во него поминуваше најмногу време и таму се напишани сите нејзини песни од последните години.
Затоа смета дека студиото треба да ѝ припадне по разводот. Вложила многу во него и ниту во најлошиот кошмар не можела да сонува дека Мустафа ќе се обиде да ѝ го одземе.
Сè што заработила во бракот од песните, рекламите и козметичките линии го ставила на заедничка банкарска сметка. А, за тоа време, Мустафа ја издвојувал својата заработувачка и ја префрлал на тајни сметки.
Никој освен него не знае колку пари на тој начин сокрил од Емина – објасни во една прилика извор близок на парот за „Информер“.