Кафе муабет
Емина Јаховиќ замина во Медина: Никогаш не сме ја виделе во ова издание- покажа како и прилега хиџаб
Отпатува во за неа најубавото место...
Пејачката Емина Јаховиќ секогаш гордо и со задоволство вели дека е од Нови Пазар и дека е од исламска вероисповед, но никогаш јавно не покажала како ги практикува верските обичаи.
Сега јавноста за прв пат имаше чест да ја види пејачката како носи хиџаб, а воедно откри дека е во Медина.
Имено, Емина објави фотографија на која се гледа дека носи хиџаб, односно парче облека што и ја покрива главата, но не и лицето. Пејачката очигледно решила да го следи овој обичај, а имала и причина за тоа.
Токму вчера пејачката објави фотографија од авионската карта и напиша дека патува за Медина.
-Најубавото место, пишуваше во описот на фотографијата.
Инаку за разводот на Емина Јаховиќ и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Мустафа Сандал се пишува и ден денес.
Покрај убавите спомени за заедничките моменти, поранешните сопружници ги врзуваат и два сина, а на изненадување на целата јавност разводот не помина без проблеми, па поранешните сопружници завршија на суд.
Наводно, Емина минатата година го тужела турскиот пејач затоа што не плаќал алиментација за нивните синови. Следеше шокантен пресврт, бидејќи Сандал поднел противтужба и, според турските медиуми, доставил докази дека откако се развеле во јуни 2018 година, платил вкупно 1,8 милиони турски лири (околу 115.000 евра).
Пејачката не сакаше јавно да зборува за разводот, но призна дека судскиот спор се уште е во тек.
Мустафа летово се ожени со својата нова избраничка, русокосата Мелиса Сутсуруп, па сега Емина за прв пат јавно реши да прозбори како го доживеала целиот тој период и сите написи кои се појавија во врска со неа.
„Многу се пишуваше за мене, повеќе во Турција. Мојот приватен живот беше посветен само на моите деца, а таму пишуваа дека сум била ваква онаква, и со овон и оној. Научив притисокот да го претворам во нешто креативно озборувања, криминални однесувања, како и убедувања и кога не знаеш нешто за некого тоа е пред се голем грев. Не велам дека ќе бидам лажга, но нема да имате право да ја знаете мојата вистина“, рече таа.
Мустафа се ожени со Мелиса ова лето па Емина изјавила дека поради новиот брак ги запоставил синовите Јаман (14) и Јавуз (10).
“Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Крив е Сатурн. Не значи дека никој не ми се додворува. Се случи на приватно поле мојот поранешен сопруг да се ожени, па јас мораше да бидам таа што ќе се посвети повеќе на децата.Навистина му посакувам многу среќа. Секогаш ќе биде мој пријател и татко на моите деца, но да се фрлив на забава децата ќе останеа запоставени. Кога ќе се заљубам знам да се лизнам малце па се контролирам. Сакам да им се посветам на децата. Останатото ќе си дојде природно.Чудно ми е што толку време траеше.Се надевам ќе најдам сродна душа“, заклучи таа во емисијата „Ексклузив“.