Кафе муабет

ЕДЕН ОД НАС ЌЕ СЕ ОТСЕЛИ ОД МАКЕДОНИЈА – Групата ДНК слави 20 години постоење

Дали групата ќе остане без едниот артист?

Музичката група ДНК оваа година прославува 20 години постоње на македонската естрада.

Фото: Фејсбук/ДНК

Како артисти со претходно музичко искуство и образование Андреја Ѓорѓиевски и Владимир Блажев се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК- Девојка за везден за кој снимаат и видео запис.

Фото: Фејсбук/ДНК

Вториот сингл „ Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на новиот албум „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката.

Фото: Фејсбук/ДНК

Бројните музички достигнувања на ДНК се само доказ за нивната успешна работа како дуо чии незаборавни настапи низ целата држава се најпосетени.

Фото: Фејсбук/ДНК

Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ ( за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Фото: Фејсбук/ДНК

На 3 декември во арената „Борис Трајковски“ дуото ДНК ќе прослави 20 години успешна работа на македонската музичка сцена. Во најавата за новата емисија од  „Еден на еден“, која ќе се емитува во недела, Владимир Блажев – Панчо открива дека ова најверојатно ќе биде нивниот последен концерт.

Фото: Фејсбук/ДНК

Не сакавме да го откриваме ова сега, но големи се шансите еден од нас да се отсели од Македонија, вели тој.

Во најавното видео за емисијата не се открива дали станува збор за негова или преселба на Андреј.

Фото: Фејсбук/ДНК

,,Од срце Ви благодариме за поддршката која ни ја давате цели дваесет години. Годинава славиме ( за нас ) голем и значаен јубилеј од 20 години постоење на македонската ( каква таква ) естрада и сето тоа благодарение на сите вас кои ни ја почитувате нашата работа и ни давате неизмерна поддршка, љубов, позитивна енергија и не кревате горе секогаш кога сме биле на чекор да ја завршиме кариерата. На тоа сме ви преблагодарни и пробуваме да ви вратиме на секаков начин преку нашите настапи, песни и општествено одговорни дела. Вие сте нашата DNK. Убедени сме дека заеднички ќе направиме одлична прослава во арената “Борис Трајковски”,

Фала ви за сe’ – напиша групата на својата фан фејсбук страна.

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close